ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повеќе од милион Италијанци ја напуштиле земјата во изминатите 10 години

December 10, 2024 08:50
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ

Били Фусто не бара голема плата: студира архивар и не сака ништо повеќе од „мирен живот“ дома во Италија. Но, како и десетици илјади други млади дипломирани студенти во земјата, 24-годишникот стравува дека нема друг избор освен да емигрира.

Повеќе од милион Италијанци ја напуштиле земјата во изминатите 10 години, од кои една третина на возраст од 25 до 34 години, покажуваат националните податоци.

Оние што заминуваат обвинуваат за ниските плати и недоволното вреднување на нивните вештини, а меѓу нив особено расте учеството на дипломираните студенти.

„Не барам богатство или големи одговорности“, рече Фусто од Калабрија на југот на земјата, кој моментално студира  во Рим.

„Сакам мирен живот во кој нема да морам да се грижам дали имам 15 евра за пазарење“, изјави тој.

„И во моментов тоа не е загарантирано во Италија“.

Додека миграцијата стана жестока тема за која се расправа, за секој млад странец кој ќе се насели во Италија, речиси девет млади Италијанци ја напуштаат својата татковина, се вели во извештајот на фондацијата „Норд Ест“.

„Не е нормално нашата земја да не прашува зошто (тоа е така) и да не се обидува да го запре ова крварење“, рече Ренато Брунета, претседател на Националниот совет за економија и труд (CNEL), за време на презентацијата на извештајот во октомври.

Пад на реалните плати

Некои, особено од посиромашниот југ на Италија, се преселуваат во побогатите провинции на северот на земјата за да си ја пробаат среќата. Уделот на дипломирани студенти меѓу нив е зголемен од 18 на 58 проценти во изминатите две децении.

Но, дури и во индустријализираниот север, работните услови можат да бидат помалку атрактивни отколку на друго место.

Италија е една од ретките земји-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) каде што реалните плати се намалени во споредба со 2019 година.

Невработеноста кај младите е исто така повисока од европскиот просек и во октомври изнесувала 17,7 отсто, додека просекот на Европската унија е 15,2 отсто.

Италија не е позната како земја каде што се добива работа врз основа на вештини и знаења. Нема национална минимална плата, а надоместокот не се зголемува според бројот на години поминати во високото образование.

Елена Пикарди се вратила во Рим откако студирала политички науки во Франција, но нејзините надежи да најде работа во Италија брзо исчезнуваат.

„Кога станува збор за италијанските понуди за работа, честопати или не се споменува платата или генерално е пониска“, изјави 24-годишната Пикарди .

Разликата може да изнесува неколку стотици евра месечно за исто работно место во споредба со другите европски земји.

„Би сакала да придонесам за иднината на мојата земја и да останам блиску до моето семејство“, изјави Пикарди.

„Но, зошто да ги жртвувам моите можности кога сум повеќе ценета (во странство)?“.

Демографска темпирана бомба

Италијанскиот „одлив на мозоци“ ја чинеше земјата околу 134 милијарди евра во периодот меѓу 2011 и 2023 година, според фондацијата „Норд ест“.

Од оние кои се враќаат, многумина тврдат дека тоа е затоа што сакаат да бидат блиски со своите семејства, се посочува во извештајот на фондацијата.

Другите остануваат дома од потреба, а не по избор.

Според Евростат, просечната возраст за напуштање на родителскиот дом во Италија во 2022 година била 30 години, односно една од највисоките во Европската унија.

Егзодусот на младите е уште позагрижувачки со оглед на стареење на италијанската популација.

Односот на вработени и невработени ќе се зголеми од сегашните три на двајца до 2050 година на еден спрема еден, соопшти Националното биро за статистика.

Во обид да го намали трендот, Италија нуди даночни олеснувања за висококвалификуваните италијански работници во странство за да се вратат дома, а уште поголеми олеснувања им се нудат на оние кои носат деца со себе.

Извор: Hina/ France 24

Tags: Италија
Next Post
Фото: Фронтлајн

Променливо облачно со максимална температура до 13 степени

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk