ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Приказната зад знамето на бунтовниците што може да стани и официјално знаме на Сирија

December 10, 2024 08:39
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сириските бунтовници го соборија од власт претседателот Башар ал Асад, помалку од две недели по молскавична офанзива која стави крај на децениското владеење на неговото семејство. Како што Сиријците се разбудија во изменета земја, знамињата на бунтовниците ги заменија плакатите на Асад, кои претходно беа надвиснати на речиси секој агол. Развојот може да доведе до значајна промена – ново официјално знаме за земјата која досега направи повеќе промени на знамето.

Актуелно сириско знаме

Се уште актуелното сириско знаме е во употреба од 1980 година и е знак на арапското единство. Боите во знамето значат следново:

Црвената ја претставува крвта пролеана во револуцијата за слободата на Сиријците
Белата боја означува мирна иднина
Зелените ѕвезди во средината ги претставуваат Сирија и Египет – двете држави основачи на Обединетата Арапска Република
Црното е за наводното угнетување што го трпат Арапите.

Ова знаме првпат беше усвоено во 1958 година кога земјата стана независна од европско влијание и одлучи да формира Обединета Арапска Република со Египет. Земјата го промени своето знаме уште три пати помеѓу 1961 и 1980 година пред да се реши на сегашниот дизајн. Меѓутоа, со соборувањето на Башар ал Асад тоа може да се промени наскоро.

Знамето на сириските бунтовници

Во неделата, додека бунтовниците објавија на сириската државна телевизија дека владеењето на 50-годишната семејна династија е елиминирано, зелено-бело-црно-црвените опозициски знамиња беа видени низ целата земја. Прославите одекнаа во Германија, Турција и Грција каде радосната толпа од илјадници луѓе ги вееше знамињата на сириската опозиција.

Поддржувачите на бунтовниците влегоа во сириската амбасада во Атина го подигнаа знамето на сириската опозиција од покривот. Полицијата приведе четири лица, но го оставија знамето да се вее.

Знамето на бунтовниците односно „Знаме на независноста“

Знамето на бунтовниците, сепак, не се разликува многу од сегашното сириско знаме. Има зелено на врвот, бело во средината и црно на дното на знамето со три црвени ѕвезди во средината.

Ова знаме е модифицирана верзија на знамето за независност за првпат користено во 1932 година кога Сирија стекна независност од Франција. Сириската опозиција го фаворизираше знамето да претставува независност од владата на Асад.

Башар ал Асад и неговото семејство се во Москва.  Русија им даде, пренесоа медиумите.

Откако беше соборен неговиот режим, во изјавата прочитана на телевизија беше цитиран Абу Мохамед ал-Голани – лидерот на исламистичката алијанса што ја предводеше офанзивата: „Ние продолжуваме да работиме со решителност за да ги постигнеме целите на нашата револуција… Ние сме решени да го завршиме патот што го започнавме во 2011 година“.

Tags: знамеСирија
Next Post

Протести во Србија: Студентите не се откажуваат, блокирани се 33 државни факултети

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk