ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман на СДСМ за Буџетот – ова досега се нема случено, истакна Тренчевска

December 10, 2024 14:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

– Власта на ДПМНЕ води политика на инает и не прифаќа ниту еден предлог на опозицијата за подобрување на животот на граѓаните, за поголеми плати, за почист воздух, за проекти низ општините. Ниту еден амандман на СДСМ во собраниската комисија ДПМНЕ не прифати, што досега се нема никогаш случено во историјата на македонското Собрание, истакна на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска.

Таа посочи дека „одбиени се амандманите за поголема плата за работниците, за покачување на платите на полицајците за 20%,  за зголемување на платите на пожарникарите,  за поголеми платите во образованието. Се што е предлог за покачување на плати го одбива. Мнозинството враќа моделот во кој работниците ќе бидат само евтина работна сила, рече Тренчевска.

„Според податоците од Државниот завод за статистика, животниот стандард на граѓаните се влошува, сиромаштијата расте. Четиричлено семејство има потреба од 62.021 денари месечно за основни трошоци. Сето ова се индикатори дека народот има се помалку пари во џебовите. Работниците, полицајци, наставниците, пожарникарите, заслужуваат почит, достоинство и фер плати. Од друга страна додека ДПМНЕ одбива амандмани за поголеми плати во исто време ги зголемува парите во буџетот за мебел и луксузни возила за функционерите. За нови возила ќе се потрошат 7,5 милиони евра, за нов мебел 1,5 милиони евра, за договорни услуги 80 милиони евра. За службени возила и луксуз за дури 75% од парите се зголемени. Тоа се приоритетите на новата власт“, истакна Тренчевска.

Во исто време, рече Тренчевска, владејачкото мнозинство ги одбива и амандманите за еколошки проекти во општините, за набавка на автобуси, за реконстукции на улици. Буквлано се одбива секој предлог на опозиција за пректи кои се важни за граѓаните, нагласи таа.

„Само неколку примери: Одбиен е амандманот за пречистителна станица во Валандово и колекторскиот систем во Дојран, одбиени се амандманите за набавка на еколошки автобуси, за улицата Ленинова, за намалување на загадувањето, за локални патишта до Демир Хисар, за клучката кај Брвеница… Пред нас е пленарната седница и апелираме власта да се вразуми, да го прекине овој политички инает и да ги прифати амандманите кои се во интерес на сите наши граѓани. Пратениците на ДПМНЕ треба партиските директиви да ги заменат со ставање на интерсот на граѓаните на прво место, да покажат интегритет и да делувата за граѓаните а не за партијата“, потенцира Тренчевска.

Tags: БуџетТренчевска
Next Post

Поевтинуваат Еуродизелот и Еуросупер БС-98

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk