ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕВН и ТАВ поставија полначи за електрични автомобили на аеродромите во Скопје и во Охрид

December 11, 2024 13:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска патниците, корисниците, гостите и персоналот на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе имаат на располагање четири станици за полнење електрични возила. Оваа нова услуга е овозможена од ЕВН Македонија и е во согласност со стратегиите за одржливост и континуирано подобрување на услугите за клиентите на двете компании.

Како што информираат ЕВН и ТАВ Македонија, новопоставените станици за полнење на електрични возила, кои работат на наизменична и еднонасочна струја, се стратешки лоцирани на паркинзите на двата аеродрома и можат истовремено да полнат до осум електрични возила, шест на аеродромот во Скопје и две на охридскиот.

– Како прва компанија што воспостави национална инфраструктура за полнење електрични возила, продолжуваме да ги интензивираме нашите напори за проширување на мрежата за брзо полнење преку силни партнерства со бизнисите и локалните заедници. Нашата соработка со ТАВ Македонија ни овозможува дополнително да ја поддржиме мобилноста на сопствениците на електрични возила, што е дел од нашата долгорочна стратегија. Покрај обезбедувањето на преку 100 точки за полнење во 18 различни градови низ земјата, се фокусираме и на поставување брзи полначи долж клучните патнички коридори што возачите ги користат за национални и за меѓународни патувања, изјави Волфганг Маиер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

– Ставивме во употреба станици за полнење е-возила како нова можност и погодност на аеродромите во Скопје и Охрид. Оваа иницијатива на ТАВ Аеродроми обезбедува брзо полнење на зголемениот број корисници на е-возила им овозможува да ги надополнат своите е-возила и се усогласува со нашата посветеност и основната корпоративна вредност – одговорноста. Сепак, оваа предност за корисниците на аеродромите е уште еден доказ за нашите постојани напори да промовираме одржливи практики на аеродромите каде што работиме. Она што е исто така важно за нас е тоа што подобрувањата како ова го збогатуваат искуството на патниците и корисниците додека патуваат низ нашите аеродроми или при пречекување или испраќање со нивните пријатели и членови на семејството, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Техничките тимови од ТАВ Македонија и ЕВН Македонија, како што се наведува, соработуваа на овој проект, придонесувајќи кон пошироката мисија за промовирање на еколошката свесност. Покрај еколошките придобивки, воведувањето станици за полнење електрични возила ја нагласува посветеноста на двете компании кон иновации, задоволството на корисниците и унапредувањето на корпоративната општествена одговорност за да обезбедат одржлива иднина.

Next Post

Привршува истрагата за Онкологија, вештачењето во Србија ги потврдило сомнежите за несоодветно лекување пациенти

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk