ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Психологијата за мајчинската интуиција

December 17, 2024 16:20
in ДЕНЕС, МАГАЗИН

Во рамки на вечната дискусија за тоа дали постои мајчинска интуиција, во видео на „Тик-ток“, една девојка тврди дека претчувството на нејзината мајка ја спасило од бегање од дома и потенцијално – од престрелката којашто е случила подоцна. Тоа предизвика низа коментари од луѓе кои ги споделија своите слични искуства.

Така, еден млад човек раскажа и за сонот на мајка му којшто го натерало да го избегне концертот на Аријана Гранде во Манчестер, Велика Британија, во 2017 година, проследен со бомбашки напад и масакр. И други мајки наводно претчувствувале грди случки и можни несреќи што можелле да се случат со нивните деца.

Психологот од „Фондацијата за истражување на депресијата и надежта“ во Њујорк, САД, Ернесто Лира де ла Роса објаснува дека, научно гледано, нема многу истражувања што можат да го потврдат постоењето на мајчинската интуиција поради субјективната природа на приказните. Мислењата за мајчинската интуиција се поделени и најчесто се поврзува со родителската приврзаност.

Теоријата на приврзаност, развиена од Џон Боулби и Мери Ајнсворт, ги објаснува начините со коишто кај доенчињата се создаваат врски со одредени особини, на пр., во миг на стрес. Според оваа теорија, вродената потреба за поврзување со родителите ги обликува односите во текот на животот. Во случај на мајчинска интуиција, таквата поврзаност ја прави мајката особено чувствителна на потребите на детето.

Терапевтот Мајра Мендез појаснува дека чувството што многумина го нарекуваат мајчинска интуиција се гради полека. Според неа, овој инстинкт почнува да се развива рано и важно е „да се слуша“, т.е. да се следи. Како пример, таа го наведува тоа како родителите кои често знаат да разликуваат дали детето плаче поради глад, од потреба да му смени пелената, или пак, без никаква битна причина…

– Мендез тврди дека тоа ја зајакнува родителската интуиција – преку раните искуства, т.е. запознавањето и поврзувањето со детето. Традиционалното разбирање на теоријата на приврзаност ја нагласува улогата на биолошките мајки, но тврди дека не сите деца имаат можност за такво поврзување, вели Мендез.

Де ла Роса додава дека биолошката поврзаност не е неопходна за родителската интуиција.

– Посвоителите, исто така, можат да почувствуваат интуиција околу своите деца. Јас тоа го припишувам на чувствителноста на старателите воопшто, кон потребите на детето, тврди тој.

Стручњаците се согласуваат дека првичната, изворна врска меѓу детето и родителот придонесува за посилно запознавање, разбирање и поврзаност.

Next Post

Авион принудно слетал на Бермудите поради свињи и нивната миризба

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk