ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Паолучи: Загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители на Северна Македонија

December 18, 2024 16:15
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители на државава, изјави денеска на почетокот на конференцијата во Скопје за квалитетот на воздухот, директорот на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилијано Паолучи.

Тој рече дека и покрај напредокот од 1990-те, загадувањето на воздухот е сѐ уште високо, особено во зимските месеци.

– Луѓето во Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на токсични честички (PM2.5), во споредба со лица од Западна Европа, додаде Паолучи.

Здравиот воздух, нагласи тој, е од клучно значење за одржливиот развој.

Обраќање имаше и првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

– Денеска заедно со Светска банка и релевантните институции што имаат ингеренции во овој дел за почист воздух, присуствувавме на презентација на обемната анализа и работа на Светската банка, нормално со нашите локални институции и со животна средина, во однос анализа на причините за тоа што имаме загаден воздух и како тие можеме да ги решиме. Посебен осврт е на поголемите градови во урбаните средини, почнувајќи од Скопје, така што, ова се вклопува и со нашата програма што ја донесовме пред некој ден на ниво на Владата, предводена од МЖСПП, каде се вклучени сите институции што имаат ингеренции. Разликата е во тоа што анализите на Светската банка и УНДП и други релевантни институции ги знаеме точно причините зошто имаме таков воздух и работиме повеќе на отстранување на тие причинители, не како во минатото само трчајќи по последиците и не знаејќи точно што и како правиме. Мислам дека ова е добра основа, подвлече Меџити во изјава за медиуми.

Според него, првиот фактор е тоа што домаќинствата и индустријата сѐ уште користат неквалитетно дрво и други извори за греење, посебно во зимската сезона.

– Тука е и урбаниот транспорт и ред други причини. Ние веќе усвоивме и работиме на конкретна програма каде што освен гасификацијата е, предвидени се и когенеративни гасни системи, исто така планираме да ги субвенционираме да се враќаат граѓаните на централното греење, посебно во урбаните средини каде што има. Во однос на гасификацијата мислам дека тоа е едно од решенијата што граѓаните ќе ги пренасочи кон помалку штетни или нештетни средства за греење во текот на сезонава. Исто и во однос на урбаниот транспорт како што почнавме со електричните автобуси, планираме во Владата уште 100-120 други да ги поделиме за јавен транспорт на општините, тука се и приватните иницијативи, фабриката што деновиве ќе биде пуштена за обработка на употребено уље и тоа да се рециклира 100 отсто и да има производство од Република Македонија. Работиме исто така и на други иницијативи и проекти. Значи, посветени сме сите можности да ги искористиме за да дојдеме до почист воздух, нагласи Меџити.

Даме Димитровски, професор на Машинскиот факултет-Скопје, појасни дека програмата е изготвена врз база на долгорочни истражувања и од „нашите научни институции и од нашите партнери кои долги години претставуваат кои се загадувачи и како влијаат на загадувањето“.

-Првиот проект со што се соочивме е идентификација на загадувачите и секој да ја преземе својата одговорност. Досега се случуваше загадувачите да си го вперуваат прстот едни кон други, па домаќинствата да кажуваат дека загадува индустријата, индустријата да го обвинува транспортот, транспортот да обвинува некој трет. Со оваа програма се опфатени сите загадувачи во урбаните места во Македонија и е направена комплексна програма од 20-ина проекти што се бават со можни решенија. Програмата е динамична и дополнително ќе расте како што ќе има нов технолошки напредок или како што ќе имаме нови резултати на теренот. Опфатени се најмногу програми за домаќинствата што сакаме да ги вклучиме тие да влезат во програмата, да ги субвенционираме да почнат да користат чисти горива, да им понудиме сувогревно дрво како гориво што помалку загадува, а со тоа и да им овозможиме воздухот во домаќинствата во куќите да биде почист и поздрав за нивните деца генерално, истакна Димитровски.

Како што најави, во план е строга и правична инспекциска контрола за сите индустриски капацитети.

-Дополнително, планираме строга и правична инспекциска контрола за сите индустриски капацитети во државата, така што емисиите ќе бидат јавни и сите ќе бидеме сигурни дека тоа што се емитува е сигурно на европски ранг. Како што во 1963 формиравме силни научни институции, кога имавме проблем со земјотресот, сега сакаме да ги поддржиме научните институции да се бават со истражување за чистење на воздухот или за не загадување на воздухот и таква програма сме предвиделе, додаде Димитровски.

На новинарско прашање дали во пракса е казнет некој, тој одговори дека сега се прави посебен правилник.

– Значи се идентификуваше дека досега капацитетите биле слаби или ангажираноста била слаба или можностите биле слаби на инспекторатите. Сега во пракса ќе се предвиди едно силно централизирано тело, што ќе се бави со инспекција во животната средина, што ќе може на сите објекти и по вертикала и по хоризонтала, да може да прави инспекција, да не си предаваме надлежности или да не си даваме можности за образложенија – не е моја надлежност, најави Димитровски.

На прашање дали е во план инспекторите да бидат поактивни за време на државните празници, бидејќи во тој период бил повеќе загаден воздухот, министерот рече дека ќе се работело интензивно.

– Веќе имаме донесено мерки на Владата и веќе се на терен. Веќе има и казна. Но, има потреба да се зголеми и бројот на инспекторите, бидејќи е мал нивниот број за да има опфат низ цела Македонија, изјави Меџити.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Запалена зградата на Парламентот на Либерија

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски: Ја прифаќам поканата за дебата со противкандидатот Мециновиќ, граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата

October 21, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Лувр ќе наплаќа поскапи билети за туристи од земји надвор од ЕУ

October 21, 2025
Фото: Влада

Во Лондон средба Николоски-Брајан: Стабилни економски и политички односи и високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk