ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фицо се сретна со Путин, словачките опозициски лидери го обвинуваат за предавство на Словачка

December 23, 2024 12:49
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

 Словачкиот премиер Роберт Фицо, по разговорите со Путин за време на неговата ненадејна посета на Москва, за која доби остри критики од словачката опозиција, изјави дека рускиот претседател  најавил дека Русија е подготвена да продолжи со испораките на гас за Западот.

„Рускиот претседател Владимир Путин ја потврди подготвеноста на Русија да продолжи со испораките на гас за Запад и Словачка, што е практично невозможно по 1 јануари 2025 година, со оглед на позицијата на украинскиот претседател“, напиша Фицо на својата Фејсбук страница.

Фицо нагласи дека неговата посета на Русија е реакција на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се закани дека ќе го спречи транзитот на руски гас низ Украина.

„Ваквиот став (на Зеленски) предизвикува финансиска штета на Словачка и го загрозува производството на електрична енергија во нуклеарните централи во Словачка. Ова е недозволиво “, нагласи Фицо.

Посетата на Фицо, еден од ретките европски лидери кои остана во пријателски односи со рускиот претседател, на Москва наиде на остри критики во Словачка. Опозициските политичари го обвинуваат за предавство на Словачка, пренесува DW.

„Премиерот би требало да разговара за транзитот на гас за Словачка во Киев“, рече Михал Симецка, претседател на најголемата опозициска партија, за новинската агенција ТАСР.

Посетата на Фицо беше „лажлив театар за неговите гласачи“, рече лидерот на либералната Прогресивна Словачка.

Фицо ги води Словаците „чекор по чекор од Европа“ рече Бранислав Гролинг, шеф на либералната опозициска партија Слобода и солидарност, и уште поостро ја формулираше својата критика.

„Роберт Фицо е срам за Словачка, тој не зборува во име на целиот словачки народ“, нагласи Гролинг. неговата земја, која граничи со Украина.

Непосредно пред ненадејната средба со Путин, Фицо го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се обидел да го поткупи со 500 милиони евра од замрзнатите руски средства за Братислава да ја поддржи кандидатурата на Кијив за влез во НАТО., истовремено обидувајќи се на самитот на ЕУ во Брисел, да го спречи прекинот на транзит на руски гас за Словачка кој го најави Украина. Зеленски рече дека додека Словачка има само економски проблеми, луѓето во неговата земја умираат секој ден.

М. Д. / Цивил Медиа

Next Post
Фото: А. Ѓорѓиоска / Фронтлајн

Забрана за движење товарни моторни возила на патиштата Дебар - Маврово, Тетово – Попова Шапка и Гостивар - Кичево преку Стража

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk