Хуманитарецот Денис Јанкуловски-Космонаутко, во објава на својот Фејссбук профил, упатува јавен повик до сите компании и индивидуалци да се вклучат во кампањата „Гуш и Бац е љубов“. Целта на кампањата е заедно да покажеме дека ги прифаќаме, почитуваме и вклучуваме, се грижиме и даваме поддршка на лицата со атипичен развој на секој можен начин.
Повик до сите 2025 година да биде „Година на Гуш и Бац“, објави Космонаутко.
„Мојата желба за 2025 година е всушност повик до сите од цела Македонија во што поголем број да се вклучат во кампањата „Гуш и Бац е љубов“, кампања која не побарува многу, за почеток е потребно волја и желба.
Кој може да се вклучи?
– секоја компанија, независно од дејноста затоа што има многу начини на кој може да се биде дел од кампањава. Можат и индивидуалци, секако.
Како се вклучувате?
– околу начинот на вклученост имам предлог но секако дека секоја друга идеја е добредојдена. Најбитно е да има желба, другото лесно ќе го договориме.
Кога започнува?
– оној момент кога некој ќе посака да дознае детали, денес, утре…
Колку ќе трае?
– кампањата не е замислена со временски рок, значи може да трае цел живот (искрено, јас така посакувам).
Која е целта?
– ЗАЕДНО да покажеме дека ги прифаќаме, почитуваме и вклучуваме, се грижиме и даваме поддршка на лицата со атипичен развој на секој можен начин.
Кои се придобивките?
– компаниите ќе покажат дека се општествено одговорни, здружението „Аутизам ААМК“ со уште една упешно спреведена акција и нормално без никаква финансиска добивка затоа што нас волонтеризмот ни е мотото и секако најголемата придобивка ќе ја имаат лицата со атипичен развој кои ќе знаат дека не се сами во секојдневието.
Не знам колку ќе биде успешна кампањава, можеби и нема да има одѕив ама јас барем ќе речам дека сум се обидел, нема што да изгубам а можам многу да добијам – широкораспространета зголемена свесност, исполнето срце и нови другарства. Знам дека со ваша помош ќе тропнеме на многу врати, искрено макар и една да се отвори и рече ДА јас ќе бидам пресреќен. Но сепак верувам дека следната година Гуш и Бац ќе биде насекаде“, наведува Јанкуловски.
Прочитајте и…