Најмалку 10 лица загинаа, а десетици се ранети во израелските напади врз Појасот Газа извршени доцна синоќа, соопштија локални медицински лица. Пет лица загинаа, а 20 се повредени во израелски воздушен напад врз станбен објект во населбата Зејтун во градот Газа, соопштија медицинските лица.
Во друг напад, пет новинари беа убиени кога нивното комбе беше погодено во областа на болницата Ал Авда. Новинарите работеа за телевизијата Ал Кудс Ал Јум, поврзана со Хамас. Палестинските медиуми и локални известувачи рекоа дека комбето имало ознаки за медиумско превозно средство и го користеле новинари кои ја покриваат ситуацијата во болницата и бегалскиот камп Нусејрат.
Палестинската исламистичка група Хамас и Израел вчера разменија обвинувања за неуспехот на напорите да се постигне договор за прекин на огнот и покрај напредокот постигнат во изминатите денови.