Сeпaк, како што пишува во објава на Фејсбук амбасадата на Украина во земјава, приказната за оваа песна е долга и тажна. Нејзиниот композитор, Микола Леонтович, го создаде „Шчедрик“ на почетокот на 20 век.
Покрај борбата на Украина за опстанок, ова музичко ремек дело доби признание и восхит низ целиот свет
Но, судбината на Микола Леонтович беше сурова и неправедно кратка. Убиството на композиторот во 1921 година беше една од последиците на Црвениот терор од страна на болшевиците.
„Црвениот терор“ од болшевиците вклучуваше масовни репресии и егзекуции, за време на кои беа брутално убиени различни групи, вклучувајќи ги и украинските интелектуалци.
„Чекистите“ (агентите на советската тајна полиција), со неограничени овластувања, го спроведуваа теророт. Микола Леонтович беше застрелан со куршум од пушка наутро на 23 јануари 1921 година од страна на чекист. На истиот ден, Украинците го одржуваа својот завршен матине концерт во театарот на Елисејските Полиња во Франција.
Со векови, Русија беше водена од неуморното настојување да го избрише сето украинско и да ги убие оние што се обидуваа да ја развиваат нашата култура.
Микола Леонтович, за жал, беше еден од многуте убиени од московскиот режим – мрачна пракса што продолжува и денес.
Наследството на „Шчедрик“ ќе трае сè додека ја почитуваме жртвата што стои зад неговото создавање. Нека ова трае засекогаш.