ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нова година низ светот: Од полноќни огномети до традиции кои се одбележуваат дури во април

December 27, 2024 12:10
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Unsplash

Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Нова година – симбол за нов почеток, нови 365 дена кои ни претстојат. Новата година е најраспространетиот празник кој се одбележува, најчесто со забави, огномети, големи собири на плоштадите низ светот. Меѓутоа начинот, а и датумот на Нова година варира кај различни култури и народи. Постојат неколку видови на Нова година низ светот:

Грегоријанска Нова година

antogabb/Unsplash

Ова е најраспространетата Нова година која е на 1 јануари. Вечерта на 31 декември за дочек на Новата година се одржуваат прослави. Ширум Европа, САД, Канада, Австралија ја прославуваат оваа Нова Година

Кинеска Нова година

le_y0u/Unsplash

Самото име ни кажува дека таа се прославува во Кина и во места каде преовладува кинеско население. Датумот секогаш е меѓу 21 јануари и 21 февруари, секоја година е на различен ден, но секогаш е на првата млада месечина од првиот месечев месец или поточно. Пред Новата година обичај е да се исчисти домот, да се ишиша косата, да се купат нови чевли и облека, фирмите да ги исплатат сите долгови и да се испраќа на познаниците ориз како подарок. Главната прослава вклучува семејна вечера нешто слично на христијанската Божиќна вечера или американската вечера за Денот на благодарноста. Обичај е надворешната врата да не се отвора се до наредното утро.

Православна Нова година

Помеѓу народот често позната и како Стара Нова година. Традицијата за славење на оваа Нова година се негува во нашата земја, Србија, Русија, Црна Гора, Украина, Белорусија, Ерусалим, делови на Шкотска и Швајцарија. Кај нас овој ден е познат и како Василица и многумина ја слават и како домашна слава. Со забави, концерти се прославува вечерта на 13 јануари, а на 14 јануари најчесто прославите се црковни. Во многу семејства на овој ден се крши и лепче со паричка и се верува дека на оној кој ќе му се падне паричката ќе го прати среќа целата година.

Тајландска Нова година

notethanun/Unsplash

Во Тајланд Новата година се прославува на 13 април според древниот индиски астролошки календар. Тие денови луѓето се прскаат со вода меѓусебно низ тајландските улици, а имаат и обичај да размачкуваат бела глина верувајќи дека тоа го отстранува лошото. За Нова година на Тајланд статуата на Буда се мие со вода со ливчиња од јасмин и роза.

Индиска Нова година

bhupesh pal/Unsplash

Се слави во март, тогаш се одржува и фестивалот Холи кога сите меѓусебно се бојат.

Еврејска Нова година

Еврејската Новата година се одбележува во септември или октомрви, наречена е Рош Хашана. Тој период се даруваат јаболка и мед што симболизира слатка година.

Шкотска Нова година

Во Шкотска Нова година се прослува вечерта меѓу 31 октомври и 1 ноември. На тој ден се практикува традицијата палење оган и сокање околу него. Овој ритуал е за прочистување.

Исламска Нова година

alternativeminded/Unsplash

Исто така наречена хиџранска нова година или арапска нова година, – денот што означува почеток на новата хиџранска година. Иако во повеќето народи со мнозинско муслиманско население нема големи прослави, многумина го слават како национален празник. Меѓу нив се Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Саудиска Арабија и Тунис. Некои муслимани сунити го одбележуваат денот со доброволен пост.

Ка б-Нисан

Позната и како Асирска Нова година која ја слават Асирците од северен Ирак, североисточна Сирија, југоисточна Турција и северозападен Иран, се слави на 1 април. Прославата вклучува паради и забави, а повечето Асирци носат традиционална носија и со часови танцуваат.

Новруз, Иранска Нова година

Zahra Tavakoli fard/Unsplash

Позната и како Персиска Нова година според календарот на сончевиот Хиџри и се одбележува на 19 и 22 март. Новруз, персиската Нова година, се слави низ различни региони и земји, секој со уникатни обичаи и традиции. Додека основната суштина на Невруз останува иста – добредојде на доаѓањето на пролетта и обновувањето на природата – обичаите може да се разликуваат од една земја до друга.

Иако Нова година поголемиот дел од светот ја прославува вечерта на 31 декември и утрото 1 јануари, сепак одредени народи под влијание на својата култура, религија и историски влијаниа имаат интересни манифестации кои ја збогатуваат светската култура.

Преземено: Нова ТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен

НАЈНОВО

Фото: Виз Ер Скопскиот маратон

(ФОТО) Дарио Ивановски триумфираше на Виз Ер Скопскиот маратон – рекордни над 14.000 учесници на скопските улици

October 5, 2025
Фото: ЗНАМ

ЗНАМ: Време е за ред, безбедност и вистински центарец, Мирослав Лабудовиќ

October 5, 2025

Радев по телефонскиот раговор со Сиљановска: РСМ е подготвена да ни помогне во справувањето со последиците од поплавите

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk