ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ Аеродром: Од што се срамат Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром?

December 27, 2024 17:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– ВМРО-ДПМНЕ го сокри видео материјалот од директниот пренос од вчерашната 51 седница на Советот во Општина Аеродром. Тоа е седницата на која мнозинството го усвои последниот, четврти буџет, откако ДПМНЕ управува со Општина Аеродром. Јавно го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески, од што се срами и зошто го крие видео материјалот кој веќе не е достапен на Youtube каналот на Општина Аеродром?, соопштуваат од СДСМ Аеродром.

„Дали затоа што ветените 14 милиони евра од унгарскиот кредит на Владата во Буџетот на Аеродром за 2025 се сведоа на помалку од 3 милиони евра?

Дали затоа што во Буџетот за 2025 се гледа дека за 4 години изградија точно 0 од ветените 4 градинки во Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче?

Дали затоа што и во Буџетот за 2025 се гледа дека и оваа година во Аеродром нема да се изгради ниту една нова улица, ниту една нова велосипедска патека? Или затоа што по четврти пат беше одбиен амандманот на СДСМ за изградба на тартан патека на територија на Аеродром?

Дали затоа што за 4 години изградија точно 0 од ветените 3.000 нови паркинг места? Или затоа што се одбиени амандманите на СДСМ за изградба на паркиралишта во Стар Аеродром и Ново Лисиче?

Дали затоа што во Буџетот за 2025 десеткратно се зголемени средствата предвидени за компјутерски софтвер?

Дали затоа што 4 години не ја зголемија еднократната помош за новороденче од 8.000 на 20.000 денари? Најмалку 4 пати во текот на овој мандат е одбиен амандманот на СДСМ кој овозможува реализација на ова нивно ветување.

Дали затоа што го одбија амандманот на СДСМ со кој се предвидува зголемување на еднократната парична помош за прваче од 3.000 на 5.000 денари?

Дали затоа што се дозна дека во 2024 година за прв пат во Општина Аеродром не е одобрено ниту едно барање за еднократна парична помош за социјално ранливите категории на граѓани? Или затоа што се намалени овие средства и во Буџетот за 2025?

Дали затоа што Општина Аеродром доби нов претседател на Советот, таман претходниот научи течно да чита?“, прашуваат од СДСМ Аеродром.

– Господа од ДПМНЕ, овој срам не може да се сокрие со криење на видеата од седниците на Советот од кои се гледа како молчите пред аргументите на опозицијата. Трпението на граѓаните е при крај. Разочарувањето од неспособноста на Муцунски и Митески е огромно. Сметката за ваквата невидена неспособност ќе биде испорачана на избори, се наведува во соопштението од СДСМ Аеродром.

 

Tags: Дејан МитескиОпштина Аеродром
Next Post

ЈО за изјавата на Тошковски: До Обвинителството нема доставно документ дека Васко Ковачевски е недостапен за органите на прогонот

НАЈНОВО

Клековски: Дијабетичарите се третираат со трета генерација инсулин, Владата работи на разрешување на дефицитот на сензори

November 14, 2025
Скриншот

Големите економии во развој отпорни на американските царини: Кина, Индија и Бразил добро се справуваат

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk