ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ЈО за изјавата на Тошковски: До Обвинителството нема доставно документ дека Васко Ковачевски е недостапен за органите на прогонот

December 27, 2024 17:45
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

До Обвинителството и предметните обвинители до денеска нема доставно документ дека осомничениот е недостапен на органите на прогонот, реагираат од Основото јавно обвинителство на изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој претходно денеска рече дека е вчудоневиден што не е побарана мерка притвор за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра.

Од Обвинителство, посочуваат дека во моментот кога ОЈОГОКК ќе добие известување дека осомничениот е недостапен на органите на прогонот, надлежните јавни обвинители ќе постапат согласно законските надлежности во поглед на мерките за обезбедување.

Обвинителството појаснува дека МВР вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ОЈО ГОКК доставило Известување за постапување по сите 77 наредби за претрес издадени од Основниот кривичен суд – Скопје во кое, во точката што се однесува на наведениот осомничен е наведено дека тој во моментот на претресот не бил пронајден на домашната адреса и не бил забележан подолг период од страна на соседите.

-Законот за кривична постапка е јасен и дециден во вакви случаи – МВР треба најпрво да го извести судот кој ќе побара од полицијата да ја утврди достапноста на лицето. Доколку притоа се утврди дека лицето е недостапно, судот известувањето на МВР ќе го достави на запознавање во случајов до ОЈО ГОКК и ќе побара Обвинителството да се произнесе во однос на предлогот за определување на мерките на обезбедување. До денес, Основниот кривичен суд – Скопје нема доставено ваков документ до Обвинителството и предметните обвинители не можат прескокнувајќи постапки и институции да носат предлози или одлуки надвор од нивните законски овластувања, се посочува во соопштението од Обвинителство.

Во меѓувреме од Основниот кривичен суд во Скопје информираа дека Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост против В.К. од 11 декември 2024 година за  истрагата за предметот од Обвинителството „Адитив“, денеска по добивање на известување од надлежното МВР за неговата достапност, донел решение со кое го отфрли предлогот за определување мерки за претпазливост, со оглед дека осомничениот не е достапен за органите на прогон.

Решението на Кривичниот суд, како што се наведува, ќе биде доставено до странките во постапката.

Министерот за внтарешни работи Панче Тошковски претходно денеска изјави дека е вчудоневиден што не е побарана мерка притвор за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра.

– Од наша страна се преземени сите потребни дејствија во насока на информирање на Јавното обвинителство. ЈО е известено и писмено и усно во однос на лицето кое го споменувате, но на жалост, јавниот обвинител кој ја водел постапката во рамки на ОЈО ГОКК оценил дека не треба да бара најстрога мерка согласно одредбите од ЗКП, иако ако мене лично ме прашате, малку сум вчудоневиден како за лице кое е недостапно за органите на прогон, а е вклучено во рамки на криминал првично на околу 6,5 милиони евра, ЈО не побара таква мерка само за тоа лице. Инаку, другите сите кои беа поранешни функционери се моментално во притвор, рече Тошковски.

Tags: Васко КовачевскиЈОТошковски
Next Post

ЦЕБР: Стапката на БДП на Македонија од 2025 до 2029 година се прогнозира да порасне во просек до 3.6 отсто на годишно ниво

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk