ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Депресија

December 28, 2024 12:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЕЗИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Tина Иванова, музиколог, продуцентка, писателка – секоја сабота на Фронтлајн.

ДЕПРЕСИЈА

Дојди, само ако умееш да дадеш барем мал сигнал на надеж. Кој и да си. Во спротивно, немој да влегуваш во сектата на душегрижниците и да ликуваш поради петминутно себезадоволување.

Еден за тебе можеби безвреден збор, во кој се крие клучот од тегобната порта на моето чувство, за мене би бил откровение на живеењето. Ако го знаеш, те молам, те преколнувам, изусти го, веднаш!

Прости ми што не можеш да ме разбереш. Не сум виновна за тоа. Прости ми што не можам, или не умеам да излезам од мојот тунел, во кој единствено светло е отчукувањето на срцето, чиј такт ја пореметува мојата визија за животот и смртта.

Ровари таа низ внатрешноста на моето тело, како јаден стаорец кој шета меѓу веќе остарените ѕидови на крвните садови, барајќи остатоци од расипана храна, колку да потсети, дека подземниот свет не служи само за погребување на човечки тела. Тоа е паралелно патување кое заедно со нас ги искусува војните, бедата, гладта, копнежот, надежта.

Единаесет години ме принудуваш, да ѕиркам во пукнатините на паркетот од мојата спална соба, бушејќи ми го мозокот барем три пати на ден, и тоа со хилта.

Срам да ти е, што мене ме избра, така ранлива и беспомошна. Ама и алал. И ти благодарам. Без тебе, немаше да знам каква е болката на безболието, на неопипливото, на имагинарниот свет. Неподнослива. Ги кине цревата како крпи за бришење на прашина и токму со нив, ја вади сета меморија од убави настани. Го мачка мозокот со тиња и потоа го суши како распукана земја во која не може ниту кактус да никне. На срцето му дава знак за ритмичка импровизација, која целосно се отклонува од формата и се претвора во абнормално суштество, за чие исцелување лекот не е пронајден, сè уште. Навистина волшебно искуство, ама ако си пред големо филмско платно.

Имај милост. Напушти го ова тело, ти ламјо бескорисна и бескрупулозно дрска!

Јавај далеку, што подалеку од оваа душа, која конечно ќе мора да ги испружи рацете за љубов. Дозволи ѝ го тоа. Капни само малку бела боја, во огромната кофа полна со црнила и ќе видиш дека ќе се појави искра светлост.

А всушност, само љубовта е антибиотик за твојата толку закоравена желба да покосуваш, низ инает, низ гордост, низ самоволие. Бегај, бегај! Бегај од мене! Немаш повеќе простор за изживување, а знаеш зошто? Затоа што не остана ниту едно слободно парче од телово за сецкање. Овде леб немаш. Ниту вода. Единствено што остана е молитвата за спас од која, сакаш да си признаеш или не, го поробува твоето лажно верување дека си слободна.

#DepressionIsNotAJoke

Да ја подигнеме свеста против ова невидливо зло

#poetryisnotdead

„Поезијата е поблиску до вистината, отколку историјата, рекол Платон.

Пишувам поезија и проза за да ја разберам осаменоста. За да ја засилам љубовта и полесно да се доближам до смртта. И, за да ги уништам злобата и лицемерието што се случуваат пред моите очи.” – Тина Иванова.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Не е дозволено преземање без писмена дозвола од редакцијата.

Прочитајте и…

Ќе помине

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: поезијаТина Иванова
Next Post
(архива) Забрчанец на конференција на ЦИВИЛ за борбата против дезинформациите и хибридните закани, јуни, 2021 година (фото извор: ЦИВИЛ)

Што ни носи 2025-та?

НАЈНОВО

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025

Малолетник се сомничи за обид за убиство на таткото

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk