ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јаневска: Албанската азбука е помошен материјал во училиштата и нема пречки и понатаму да се користи

December 30, 2024 12:49
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дидактичките материјали кои се во употреба, ќе бидат во употреба се додека Бирото за развој на образование не рече дека веќе не се погодни. Албанската азбука која ја одобри поранешниот министер Јетон Шеќири е помошен материјал и нема пречки и понатаму да се користи, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, во одговор на новинарско прашање за обвинението на ДУИ дека е донесен закон со кој албанската азбука не може да се употребува во училиштата.

Јаневска рече дека дидактичките материјали остануваат во употреба, во моментот не се во план да донесат нова поинаква одлука.

-Ниту еден закон не важи ретроградно. Тоа ДУИ би требало многу добро да го знае, бидејќи имаат 20 годишно искуство. Дидактичките материјали кои се во употреба, ќе бидат во употреба се додека Бирото за развој на образование не рече дека веќе не се погодни. Министерот Јетон Шаќири заедно со Бирото за развој на образованието ја одобриле албанската азбука како помошен материјал. Тоа не е учебник. Надвор од оваа земја не знам што е. Во оваа земја е помошен материјал и нема пречки и понатаму да се користи, изјави Јаневска која денеска беше во посета на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово.

Вчера Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до јавноста го осуди усвојување на Законот во Собранието, предложен од Министерството за образование, со кој сметаат дека се „забранува употребата на Националниот буквар – значаен симбол на албанскиот јазик и идентитет, кој го користат сите Албанци низ светот“.

На новинарско прашање во врска со капиталните инвестиции во училиштата, Јаневска посочи дека во 2025 година влегуваат со големи капитални објекти, при што побарале продолжување на кредит кој веќе го има од Светска Банка.

-Во 2025 година влегуваме со големи капитални објекти, за кои ќе ни бидат неопходни многу средства. Поради тоа, Министерството за образование и Владата побаравме продолжување на кредит кој веќе го има од Светска Банка. Како ќе бидат одобрувани кредитите, така ние ќе инвестираме, но планираме многу да ивестираме, насекаде во државата и особено многу да инвестираме во регионалните центри, во целодневна и едносменска настава. Тоа е предуслов за да го подобриме квалитетот на образованието во државата, додаде Јаневска.

Next Post

Работничка побарала боледување поради ин витро оплодување, работодавачот ѝ изрекол отказ

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk