ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Едукација и активизам: Правната клиника, студентите и нивната поддршка за бегалците и мигрантите

December 31, 2024 11:37
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Правната клиника за право на бегалци беше воспоставена во 2018 година како резултат на стратешкото партнерство меѓу Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и Мисијата на УНХЦР во Скопје. Клиниката започна со работа преку воведувањето на нов изборен предмет во рамките на вториот циклус на студии по Меѓународно право и право на Европската унија, и истовремено стана дел од глобалната листа на изборни предмети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Новата предметна програма, насловена „Бегалци, мигранти, лица без државјанство и криза на човековите права“, беше основа за понатамошниот развој.

Во 2019 година беше формиран и Центарот за право на бегалци и миграции, кој денес функционира како внатрешна организациона единица на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Центарот има за цел спроведување на правна клиничка едукација и други образовни активности. Правната клиника е отворена за студентите од сите три циклуси на студии од државните и приватни факултети, и се одржува во текот на зимскиот и летниот семестар. Покрај клиниката, во рамките на Центарот се реализираат и други активности, како што е Меѓународната Летна Школа за бегалци и миграции.

Центарот за право на бегалци и миграции е составен од професорите д-р Елена Михајлова Стратилати, раководител на проектот и ментор на Правната клиника, д-р Сашо Георгиевски, научен координатор и ментор на клиниката, д-р Ирена Рајчиновска Пандева, ментор на клиниката и Зорана Антовска, програмски асистент.

Во ова интервју мој соговорник е Зорана Антовска, а темата: Активностите на студентите во рамките на Правната клиника.

Нова: Каква е улогата на студентите во работата на клиниката?

Антовска: Студентите освен што ги посетуваат предавањата како примарна едукација на Клиниката, тие исто така воспоставуваат контакт со различни државни и не државни актери кои се дел од целиот процес. Преку различните непосредни средби и запознавањето на нивната работа, студентите имаат можност да се стекнат и со практично искуство. Центарот освен со УНХЦР, има воспоставено соработка и со Македонското Здружение на Млади Правници, Секторот за Азил, Министерството за труд и социјална политика, огромен број на меѓународни предавачи, како и со различни практичари и адвокати кој имаат долгогодишно искуство во оваа област. Студентите имаат можност не само да ги слушаат нивните искуства и предавања, туку и во одредени ситуации да се вклучат во нивната работа.

Центарот во соработка со мисијата на УНХЦР веќе пет години ја организира и Меѓународната летна школа. На отворениот повик за летната школа аплицираат повеќе од 200 студенти од различни делови на светот, каде можност да присуствуваат најчесто добиваат 50 студенти од повеќе од 50 држави. Оваа пет дневна Летна школа е дизајнирана да им помогне на учесниците да стекнат основни и посредни знаења за меѓународното право за бегалци и заштитата на лицата без државјанство и да ја поттикне посветеноста на публиката да се залага за правата на бегалците и другите лица на кои им е потребна заштита ширум светот.Нова: Какви видови правни услуги нуди Правната клиника за граѓаните и како тие се достапни?

Антовска: Правната клиника не нуди правни услуги за граѓаните, но таа е насочена кон едукација на студентите кои понатаму би работеле во различни институции на теми поврзани со бегалско и миграциско право. Меѓутоа, поради соработката со различните актери кои работат на оваа тема во нашата држава, тие имаат можност да слушнат какви случаи најчесто се јавуваат, кое и какво е нивното влијание и како да се разрешуваат истите.  Предавањата ги опфаќа случаите на без државјанство, бегалци, миграции и внатрешно раселени лица.

Но она на кое што особено се гордееме е фактот дека Центарот, како и правната клиника се отворени за бегалци и мигранти од целиот свет. При пријавувањата за меѓународната летна школа, сведочиме голем интерес на бегалци, мигранти и лица без државјанство кои што сакаат да се приклучат и подобро да ја разберат проблематиката на ситуацијата во која се наоѓаат, но исто така и да ја споделат својата приказна.

Нова: Како правата на бегалците и мигрантите се интегрираат во наставната програма на Правната клиника и кои се најважните аспекти што студентите ги учат?

Антовска: Правната клиника за бегалци и миграции, не само што може да биде избрана како изборен предмет при програмата за меѓународно право, на неа може да се пријави секој оној студент кој што сака да го надогради своето знаење на оваа тема. За успехот на клиниката најдобро зборува фактот што освен студентите по право, се приклучуваат студенти од политички науки, студенти по психологија и филозофија, односи со јавност и новинарство, студенти по социјална работа, како и студенти од многу други факултети.

Најважните аспекти што се опфатени со нашите предавања претставуваат мандатот и работата на УНХЦР, разликите меѓу лицата бегалци и феноменот на без државјанство,  поставеноста на меѓународен режим на правото на бегалци, бегалските и миграциските кризи ширум светот, како и постапка за азил во РСМ и интеграција на бегалците.

Нова: Дали студентите во Правната клиника имаат можност да работат на случаи што се однесуваат на бегалци, мигранти или лица без државјанство?

Антовска: Иако тие директно немаат можност да работат на случаи со бегалците или лицата без државјанство, преку голем број партнери и можностите за пракса, нашите студенти имаат можност да учествуваат и да бидат дел од нивната работа.

Нашата работа се темели на посветеноста за едукација на идните професионалци, овозможувајќи им практично знаење и искуство во областа на бегалското и миграциското право. Преку континуирана соработка со меѓународни и домашни институции, создаваме средина каде што студентите можат активно да придонесуваат за заштита на човековите права. Визијата на Правната клиника е да инспирира генерации кои ќе ги промовираат човековите права, правдата, како и интеграција на ранливите групи во општеството.

Марија Тодоровска 

Преземено: Нова ТВ


Сторијата е изработена во рамките на менторската програма за млади новинари на Младинскиот Образовен Форум во партнерство со УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, како дел од проектот „Ангажирање на младите за подобрување на наративот за луѓето за кои УНХЦР се залага” поддржан од УНХЦР.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk