ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кинескиот претседател повика на проактивна макроекономска политика во 2025 година

December 31, 2024 09:36
in ДЕНЕС, СВЕТ

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика на спроведување „проактивна макроекономска политика во 2025 година“, во изјавата дадена за време на новогодишниот дочек, објавија официјалните медиуми.

-Треба да ги продлабочиме реформите, да го развиеме отворањето на повисоко ниво, подобро да го координираме развојот и безбедноста и да спроведеме поактивни и ефективни макроекономски политики, рече Си, пренесе државната телевизија CCTV.

„Треба да се придржуваме до општите насоки за стабилност, а истовремено да бараме напредок и да го забрзаме воспоставувањето на нов развоен модел“, порача кинескиот претседател.

Кина во оваа 2024 година се обиде да излезе од економските тешкотии поттикнати од кризата на пазарот на недвижности, слабата потрошувачка и инфлацијата на јавниот долг, пишуваат француските медиуми.

Во последниве месеци Пекинг презентираше серија агресивни мерки насочени кон поддршка на растот, како што се намалување на каматните стапки, укинување на ограничувањата за купување домови и олеснување на долгот за локалните власти.

Економистите, меѓутоа, сметаат дека се потребни подиректни мерки за закрепнување на буџетот за поддршка на домашната потрошувачка со цел да се одржи кинескиот економски раст.

Официјално, Кина годинава очекува раст на БДП од околу пет проценти, цел за која властите велат дека се уверени дека ќе ја постигнат, за што многу економисти се сомневаат.

-Продуктивноста со нов квалитет се развива редовно и годишниот БДП треба да се зголеми за околу пет проценти, повтори Си во говорот.

Меѓународниот монетарен фонд предвидува раст на кинеската економија од 4,8 отсто оваа година и 4,5 отсто следната година.

Tags: кинескиот претседателполитикапроактивна макроекономска
Next Post

Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје во декември подигнале 1200 кубни метри отпад од диви депонии

НАЈНОВО

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025

Зеленски: Руските напади врз Украина се циничен обид за попречување на мирот

August 18, 2025
Фото: Википедија

„Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана – повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk