Во 2024 година, пазарот на недвижности покажа изразена загриженост за порастот на цените и потенцијалната нестабилност на становите и имотите. Според пазарните експерти, цените на становите продолжија да растат, достигнувајќи невидени нивоа во некои градови, што им отежнува на многу поединци и семејства да најдат прифатливи домови.
– Воената криза во Украина нанесе многу промени во економијата, како и во градежништвото. Кризата, од 2020 година, цените енормно се зголемија, трошоците за изградба се зголемени, имаме и недостиг на работна сила и тоа значи дека се зголемени цените и платите. Овој елемент значи дека во Северна Македонија, Охрид, Струга, каде што градам, тие се зголемени некаде помеѓу 80 и 100%, – изјави Менди Ќира од „Трим&Лум“.
Според сопственикот на компанијата „Трим Лум“, повисоки цени има Скопје како главен град, но и крајбрежјето на Охридското Езеро.
– Нормално цените не се секаде исти, зависи од позициите, во Струга и Охрид езерскиот брег е приоритет, додека периферниот дел има значителен корен. Во Скопје се зборува дека цените се дуплирани и покрај тоа што цел регион има повисоки цени од Северна Македонија, се надевам дека ќе се стабилизираат цените во следните години. Со предвидениот напредок кон Европската унија, изјави Менди Ќира.
За Струга и Охрид зголемен е интересот на купувачите и од странци кои сакаат да го поминат третото доба во овие градови.
– Интересите на купувачите се повеќе кај иселениците, кои купуваат станови. Има и странци од трето доба кои сакаат да ги поминат годините во Струга и Охрид, бидејќи овде цените се пониски од западните, изјави Менди Ќира.
Поскапувањето на недвижностите од 2020 година до сега во Струга, Охрид и Скопје е од 80% до 150%.
Дестан Јонузи