ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хезболах и Израел со закани и меѓусебни обвинувања за непочитување на прекинот на огнот

January 5, 2025 15:37
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на либанскиот Хезболах, Наим Касем, денеска предупреди дека движење би можело да изгуби трпение поради израелските прекршувања на договорот за примирје.

Одговарајќи на критиките зошто Хезболах молчи за израелските прекршувања, Касем во телевизиско обраќање изјави дека раководството на движењето самостојно одлучува како и кога ќе пружи отпор, како и какво оружје ќе користи, пренесува агенцијата Анадолија.

– Може да изгубиме трпение за овие прекршувања, а кога ќе одлучиме да дејствуваме, тоа веднаш ќе го видите, изјави тој.

Касем истакна дека договорот за примирје се однесува исклучиво на јужната област од реката Литани и дека либанската држава, заедно со своите поддржувачи, е одговорна за да го контролира Израел и да обезбеди примена на договорот.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска го обвини либанското движење Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот и предупреди дека неговата земја може да биде „принудена“ да дејствува.

Кац рече дека борците на Хезболах сè уште не се повлекле северно од реката Литани во јужен Либан, на околу 30 километри од границата со Израел.

„Доколку тој услов не биде исполнет, нема да има договор и Израел ќе биде принуден да дејствува еднострано за да обезбеди безбедно враќање на жителите на северот (од Израел) во нивните домови“, рече Кац.

Според податоците на Министерството за здравство на Либан, од почетокот на израелските напади на Либан во октомври 2023 година, убиени се најмалку 4.063 лица, а повеќе од 16.000 се ранети.

Договорот за прекин на огнот стапи на сила на 27 ноември, два месеци по отворената војна меѓу Израел и Хезболах, кој oд судирите излезе значително ослабен, а неговото раководство во голема мерка е уништено.

Според договорот, либанската армија и мировниците на ОН треба да бидат распоредени во јужен Либан, а израелската армија да се повлече во рок од 60 дена. Исто така, се предвидува дека Хезболах ќе се повлече на околу 30 километри од израелската граница.

Од почетокот на примирјето, двете страни меѓусебно се обвинуваат за постојано прекршување.

Ј. Ѓ.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: израелХезболах
Next Post

Австриските конзервативци го избраа Стокер за привремен лидер и наследник на канцеларот Нехамер

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk