Заменик-претседателот на словачкиот парламент Андреј Данко изрази мислење дека неговата посета на Русија ќе помогне да се обноват односите меѓу двете земји, објави прорускиот Словакиа њуз – правда, повикувајќи се на извештај од Раша Тудеј, кој е санкциониран од ЕУ од почетокот на руската целосна инвазија против Украина.
Според изјавата на Данко за ТВ ТА3, словачкиот премиер Роберт Фицо веќе го започнал овој дијалог кога ја посетил Москва во декември 2024 година. Сега, како што истакна Данко, дијалогот понатаму ќе се развива на парламентарно ниво.
„Сакам да им ги отворам очите на луѓето во Словачка, затоа што вели дека ниту една германска или американска компанија не тргува во Русија, и ние мора да разговараме со овие партнери во Руската Федерација, бидејќи големите држави разговараат со нив“, објавува словачкиот портал, цитирајќи го рускиот пропаганден извор РИА Новости.
Претходно, и словачкиот претседател Петер Пелегрини истакна дека преговорите на Роберт Фицо во Русија имаат „големи надворешнополитички размери“.
Ни збор за „исчезнувањето“ на Фицо во супер луксузен хотел во Ханој, Виетнам, а уште помалку дека веќе со денови словачките граѓани се на улица, протестирајќи против политиките на проруското водство во Словачка.
Веќе две недели се одржуваат протести во Братислава против проруската политика на Фицо. Демонстрантите веат знамињата на Словачка и на Европската унија, извикувајќи „Ние не сме Русија“. Демонстрантите ја интонираат химната на ЕУ и носат транспаренти со натписот „Ние сме Европа“.
Подготви: Џ. Д. / Цивил Медиа