ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Безос верува дека Маск нема да го искористи Трамп за да ја „турка“ својата вселенска програма

January 13, 2025 09:55
in ДЕНЕС, СВЕТ

Основачот на Амазон, Џеф Безос, изјави дека не мисли оти извршниот директор на СпејсИкс Илон Маск, ќе ги искористи своите блиски врски со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за да ја поткопа неговата вселенска компанија Блу Ориџин (Blue Origin), додавајќи дека се чувствува „многу оптимист“ за вселенската агенда на претстојната администрација.

– Илон беше многу јасен дека тоа го прави за јавен интерес, а не за своја лична корист. И јас го земам тоа здраво за готово, рече Безос, основач на Блу Ориџин, конкурент на СпејсИкс во вселенската индустрија, во интервју за Ројтерс.

Разговорот се одржа во Кејп Канаверал, Флорида, каде Безос го следи првото лансирање на Њу Глен на Блу Ориџин, ракета висока колку 30-катница која се очекува да ја наруши доминацијата на СпејсИкс на пазарот и да го почне долго одложуваното влегување на Блу Ориџин на пазарот за лансирање на сателити.

Маск, кој потроши повеќе од четвртина милијарда долари помагајќи му на Трамп да биде реизбран за претседател, има влијание врз него за прашања поврзани со истражување на вселената.

Минатиот месец тој рече дека САД треба да испратат мисии директно на Марс наместо прво да одат на Месечината, што предизвика загриженост во индустријата за можен голем потрес во програмата за истражување на вселената на НАСА.

– Мое мислење е дека треба да ги направиме и двете – треба да одиме на Месечината и треба да одиме на Марс, рече Безос на прашањето дали е загрижен за промените во програмата на НАСА за повторно слетување на Месечината.

– Она што не треба да го правиме е да ги почнуваме и да ги запираме работите. Дефинитивно треба да продолжиме со лунарната програма, рече Безос.

Се очекува Трамп да направи големи промени во програмата на НАСА за Месечината во неговиот втор претседателски мандат и да се фокусира многу на испраќање мисии на Марс.

Амазон донираше еден милион долари во инаугуративниот фонд на Трамп и ќе го пренесува настанот на својата платформа Прајм Видео. Основачот и извршен претседател на Амазон се состанаа со Трамп, но за Ројтерс изјави дека немало дискусии за вселенската програма.

Блу Ориџин, која Безос ја основа во 2000 година, има договор од три милијарди долари со НАСА за испраќање луѓе на Месечината до крајот на оваа деценија, по мисиите Старшип на СпејсИкс, ракетата за повеќекратна употреба на Маск која е во напредна фаза на развој и е предвидена за испраќање луѓе и товар на Месечината и Марс.

Next Post

Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово

НАЈНОВО

Финалето во Лигата на шампиони од наредната година во попладневен термин

August 28, 2025

Трамп во Белата куќа одржа состанок за Газа со зетот Кушнер и поранешниот британски премиер Тони Блер

August 28, 2025

Владата на Србија усвои уредба за ограничување на маржите на 20 проценти

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk