Преговарачите постигнаа договор за прекин на огнот во Појасот Газа помеѓу Израел и палестинската вооружена група Хамас.
Ова се главните точки од договорот за прекин на огнот:
– Шестнеделна почетна фаза од прекинот на огнот – постепено повлекување на израелските сили од центарот на Газа и враќање на раселените Палестинци во северниот дел на енклавата.
– Договорот предвидува да им се дозволи на 600 камиони со хуманитарна помош секој ден, по прекинот на огнот, да доставуваат помош во Појасот Газа, од кои 50 камиони ќе дистрибуираат гориво, а 300 од камионите ќе доставуваат помош во северниот дел на Газа.
– Хамас ќе ослободи 33 израелски заложници, вклучувајќи ги сите жени (воени и цивилни), деца и мажи на возраст над 50 години. Групата прво ќе ослободи жени заложници и лица помлади од 19 години, а потоа и мажи над 50 години.
– Израел ќе ослободи 30 палестински затвореници за секој цивилен заложник и 50 палестински затвореници за секоја жена војник ослободена од Хамас.
– До крајот на почетната фаза од договорот, Израел ќе ги ослободи сите палестински жени и деца помлади од 19 години задржани од 7 октомври 2023 година. Вкупниот број на ослободени Палестинци ќе зависи од бројот на ослободени заложници и може да се движи од 990 до 1.650 палестински затвореници, вклучувајќи мажи, жени и деца.
– Хамас ќе ги ослободи заложниците во рок од шест недели, ослободувајќи најмалку три заложници секоја недела, а до крајот ќе ги ослободи и останатите. По ослободувањето на заложниците, посмртните останки на загинатите заложници исто така ќе му бидат предадени на Израел.
– Имплементацијата на договорот ќе ја гарантираат Катар, Египет и САД.
– Преговорите за втората фаза од договорот ќе започнат до 16-тиот ден од првата фаза и се очекува да опфатат ослободување на сите преостанати заложници, вклучително и машки израелски војници, траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските војници.
– Третата фаза се очекува да вклучи враќање на сите преостанати тела на загинати заложници и да почне обновата на Појасот Газа под надзор на Египет, Катар и ОН.