Доналд Трамп објави дека неговата инаугурација како претседател на САД в понеделник ќе биде преместена во затворен простор поради најавите не метеоролозите за исклучително ниски температури на воздухот.
– Арктичка експлозија ја зафати државата, напиша Трамп на неговата апликација Truth Social.
„Наредив инаугурациското обраќање, покрај молитвите и другите говори, да се одржи во Капитол Ротонда, како што тоа го користеше Роналд Реган во 1985 година, исто така поради многу студено време. Различните достоинственици и гости ќе бидат донесени во Капитол. Ова ќе биде многу убаво искуство за сите, а особено за многубројната ТВ публика! Сите ќе бидат безбедни, сите ќе бидат среќни, а ние, заедно, ќе ја направиме АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА!“, објави Трамп.