Централниот дефанзивец на Арсенал, Вилијам Салиба е уште еден клучен играч за „топџиите“ кој заработи повреда.
Французинот го пропушти натпреварот против Астон Вила поради истегнување, а на негово место во центарот на одбраната стартуваше Јирген Тимбер.
Сепак, сега е јасно дека тој ќе биде надвор од терените околу две недели.
Според „Мирор“, Салиба најверојатно нема да игра на три натпревари – двата во Лигата на шампионите, кои се против Динамо Загреб и Џирона, како и гостувањето кај Вулверхемптон во Премиер лигата.
Планот е да биде достапен за дербито со Манчестер Сити на 2 февруари.
По натпреварот со Астон Вила, менаџерот на Арсенал, Микел Артета призна дека е многу загрижен поради повредата на Салиба. Тогаш Шпанецот се уште немаше информации колку точно ќе отсуствува еден од столбовите на одбраната на тимот.
Сега, сепак, вестите не изгледаат толку лоши како што беа во случаите на Букајо Сака и Габриел Жесус.