Светската здравствена организација изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја преиспита својата одлука за повлекување на САД од организацијата, пренесоа светските агенции.
Трамп синоќа во Белата куќа ја потпиша извршната наредба за повлекување од СЗО, само неколку часа по преземањето на функцијата.
„Се надеваме дека САД ќе ја преиспитаат својата одлука и се надеваме дека може да има конструктивен дијалог што ќе биде од корист за сите, за Американците, но и за народите ширум светот“, рече портпаролот на СЗО, Тарик Јазаревиќ на прес-конференција во Женева.