ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ го потврди Соренсен за емисар во дијалогот Косово-Србија; Косовските политичари користат државни ресурси за изборна кампања; МНР на Албанија бара одговорност од Србија за протерувањето на двајца Албанци

January 24, 2025 13:56
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовските медиуми денеска известуваа за потврдувањето на Петер Соренсен за специјален пратеник за дијалогот помеѓу Косово и Србија, од страна на Амбасадорите на ЕУ. Соренсен доаѓа на местото на Мирослав Лајчак.

Политичките партии користат државни ресурси за предизборната кампања, за парламентарните избори што ќе се одржат во Косово на 9 февруари.  Десетици случаи се забележани само во првата недела од изборната кампања.

Во Албанија, Министерството за надворешни работи  реагираше на веста дека двајца Албанци се прогласени за нон – грата од Србија, кои беа таму за да учествуваат на семинар. Во реакцијата, Министерството за надворешни работи информира дека го повикало на средба амбасадорот на Република Србија, Слободан Вукчевиќ и ја изразил својата загриженост за овој случај.

Во продолжение се поместени сите содржини од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Бота сот: Амбасадорите на ЕУ го потврдија Соренсен како емисар на дијалогот Косово-Србија

Дипломатот од Данска, Петер Соренсен, е потврден од амбасадорите на Европската Унија за ставот на специјалниот претставник на блокот за дијалогот меѓу Косово и Србија, пренесе Бота Сот.

Соренсен е избран од високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, да го замени Мирослав Лајчак на оваа позиција.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе го дадат своето конечно одобрение во понеделник, за Соренсен да го започне својот мандат на почетокот на февруари.

Мандатот на досегашниот пратеник Лајчак истекува на 31 јануари.

Косова прес: Политичките партии користат државни ресурси за предизборна  кампања

Политичките партии користат државни ресурси за предизборната кампања. Десетици случаи се забележани само во првата недела од изборната кампања.

Организациите кои го следат овој процес велат дека користат службени автомобили, просторите на јавните институции, но и случаи кога државни службеници се присутни на јавни собири, дури и во работно време, пренесува Косова Прес.

Законот за општи избори забранува користење на државни ресурси во периодот на изборна кампања.

Инфокус: ЦИК- Утре завршува рокот за набљудувачи на невладини, меѓународни организации и претставници на странски држави

На 25 јануари истекува рокот во кој невладините, владините и меѓувладините организации, специјализираните меѓународни организации кои се занимаваат со изборите и заштитата на човековите права и претставниците на странски држави, треба да поднесат барање за набљудување на изборите за Собранието на Косово, кои ќе се одржат на 9 февруари 2025 година.

По истекот на рокот 25 јануари, ќе има само уште еден отворен рок за акредитација на медиумите, пренесе Инфокус.

АЛБАНИЈА

РТШ: Протерување на активисти од Србија, 320 организации со писмо до ЕУ: Белград да ги почитува човековите права

Повеќе од 320 граѓански организации од 27 европски земји потпишаа писмо во кое бараат од Европската унија да не дозволи Србија да ги крши човековите права.

Писмото следи по притворањето и депортирањето на граѓанските активисти од Албанија, Хрватска, Словенија, Романија, Австрија и Северна Македонија кои присуствуваа на невладината академија на Ерсте Штифтунг во Белград.

„Овие лица беа уапсени во текот на ноќта, испрашувани без докази, прогласени за „закана по националната безбедност“ и забрана за влез во Србија на една година“, се вели во писмото, пренесе РТШ.

Репортери: Двајца Албанци се приведени и депортирани од Белград, Албанија бара одговорност од Србија – Преиспитајте  ја одлуката

Министерството за надворешни работи на Албанија реагираше на веста дека двајца Албанци се прогласени за нон – грата од Србија, кои беа таму за да учествуваат на семинар. Во реакцијата, Министерството за надворешни работи информира дека го повикало на средба амбасадорот на Република Србија, Слободан Вукчевиќ и ја изразил својата загриженост за овој случај.

Министерството вели дека побарало од српските власти да ја разгледаат оваа одлука и да спречат вакви настани да се повторат во иднина.

Српското Министерство за внатрешни работи, МНР и Агенцијата за информации и безбедност не одговорија на прашањата на Радио Слободна Европа за конкретната закана од депортираните лица работилница, во одговор за Радио Слободна Европа рече дека на 21 јануари, доцна во вечерните часови, српските власти испрашувале 13 учесници од девет земји, по што им бил забранет влез во Србија една година, пренесе Репортери.

КОЛУМНА

Коха: „Помеѓу благословот и проклетството на неукоста на Трамп“

“Иако половина од овие одлуки никогаш нема да се спроведат, нивното издавање создаде вистински хаос во американскиот јавен дискурс бидејќи никој немаше време да разговара за ниту една од овие одлуки, а камоли за сите 26 одлуки.

И токму тоа беше целта на Трамп – да создаде хаос каде перцепцијата на јавноста ќе биде дека Трамп прави нешто, но никој во овој момент нема да разговара што точно прави. Тоа убаво се виде и на прес-конференцијата на Трамп, на која ни тој самиот не разбра што точно потпишува.“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната „Помеѓу благословот и неукоста на Трамп“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумирегион

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Студентите со нови тактики во трка со српската жандармерија, блокади низ цела Србија

July 4, 2025

Русија стана првата земја што го призна талибанското раководство во Авганистан

July 4, 2025

Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концертна промоција „FIN Project“ и Тања Царовска на албум „Егрегор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk