Околу 60 илјади граѓани се собраа на антивладини протести низ Словачка, барајќи оставка од премиерот Роберт Фицо.
Серијата протести со наслов „Словачка е Европа“ ја организираше граѓанската иницијатива „Мир за Украина“, а словачката дијаспора организираше протестни собири во Полска, Германија, Чешка и Ирска, објави порталот Aktuality.sk.
Според словачкиот претседател Петр Пелегрини, ситуацијата е сериозна, додека Фицо изјави дека тоа е обид за државен удар и „структура“ која сака да го наруши уставниот поредок.