– Неспособната власт со денови ги остави пациентите на Онкологија без лекови и соодветна терапија. И наместо да преземе одговорност, да формира штаб, веднаш да го реши проблемот од власта слушаме несериозни изговори и оправдувања, за својата неспособност обвинуваат други. Ова само потврдува дека станува збор за луѓе без грам одговорност, без трошка човештво и грижа за граѓаните, изјав а за медиумите истакна Белкиса Зеќири, членка на Извршниот одбор на СДСМ.
Таа нагласи дека дека „единствено што ги интересира е како да си ја спасат сопствената кожа а не како да помогнат на пациентите на кои животот им е загрозен“.
„Одговорноста за голготата низ која поминуваат онколошките пациенти е целосно кај власта поради неодговорното и ненавремено планирање и финансирање на јавните набавки за овие лекови. За пациентите кои сега страдаат и го ризикуваат животот одговорни се директорот на Клиниката на Онкологија, Директорот на Фондот за здравство и министерот Тараври – никој друг! Затоа и треба да понесат одговорност. Власта да не си поигрува со човечки животи и да не бара срамни оправдувања, пациентите од тоа немаат ништо, тие чекаат лек за живот. Директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, Директорот на Фондот, Сашо Клековски и министерот за здравство, Таравари, веднаш да поднесат оставки. Власта да формира кризен штаб и итно да ја обезбеди потребната терапија а потоа да направи долгорочен план за обезбедување на оваа животно потребна терапија. Никој нема право да загрозува животи, за голгота низ која поминуваат онколошките пациенти мора да има одговорност“, истакна Зеќири.
Прочитајте и…
Мизрахи: Профитот на СДСM во случајот Онкологија им бил поважен отколку животите на граѓаните