ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нова научна теорија: Тело-натрапник го нарушило обликувањето на Сончевиот Систем

January 27, 2025 13:33
in TECH FRONT, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Кога го замислуваме Сончевиот Систем, имаме предвид „правилно“ распоредени планети и кружни орбити во речиси „совршен“ и „рамен“ диск околу Сонцето. Сепак, според науката, овој планетарен систем е далеку од рамен. Важи за доста „искривен“, се наведува, со бројни ексцентричности и отстапувања.

Научниците долго време дебатираат околу причините за таа појава… Па така, физичарите Герет Браун и Хано Рејн од Универзитетот на Торонто во Канада и астрономот Рену Малхотра од Универзитетот на Аризона во САД изнесоа нова претпоставка којашто вели дека тн. „натрапник“, т.е. туѓо тело можеби било виновникот – што го пренасочил обликувањето на нашиот систем.

„Можниот случај на блиска средба со меѓуѕвездено тело нуди веродостојно објаснување за потеклото на умерените ексцентричности и наклонетости на планетите… Хипотетичкиот објект можеби и не бил планета, но требало да биде доволно масивен за да предизвика гравитациско нарушување што би имало трајни ефекти врз дискот и планетарните орбити на Сончевиот Систем“, велат истражувачите во написот објавен на порталот „Арксив“ (arXiv).

Се смета дека нашиот планетарен систем настанал од маглина – огромен облак од прашина и гас, пред околу 4,6 милијарди години. Сонцето најверојатно почнало да се создава прво, како последица на ударниот бран што го разнела супернова којашто експлодирала во близина. Потоа, почнал да се обликува и протопланетарен диск од честичките прав и гас што доаѓале од таа маглина, што пак, на крајот се кондензираат во планети коишто, следствено, привлечени од гравитацијата на Сонцето, се наредиле во своите орбити.

Научниците мислат дека некаде при настанувањето на Сончевиот Систем, „непосакувано“ туѓо тело – меѓу 2 и 50 пати поголемо од Јупитер, навлегло во тој простор, доволно колку „да го навали“ дискот на орбитите и да ги издолжи тие патеки на планетите, пред да излезе од планетарниов наш систем.

Пресметките говорат дека ваков „упад“ би имал еден отсто шанси да го преобликува нашиот Сончев Систем.

Ако навистина имало такво тело-натрапник, што точно било тоа и каде отишло – засега сè уште не може да се утврди. Можно е тоа да било некоја планета однадвор чијашто орбита во одреден миг навлегла во нашиот систем, или пак, друго тело со неправилна патека на движење. Истражувачите велат дека втората можност можеби значи дека тоа мистериозно тело повторно ќе се врати во внатрешноста на Сончевиот Систем. Сепак, пресметките велат дека веројатноста за тоа да се случи, е меѓу 1 спрема 1.000 и 1 спрема 10.000, но нема да дочекаме такво нешто следните 20 милиони години.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) „Валв“ работи на нова конзола

НАЈНОВО

Со одлука на Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак

September 15, 2025

Првични резултати од пожарот во Трубарево: Загаденоста на воздухот трипати над дозволеното

September 15, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп: Блиску сме до договор со Кина за „одредена компанија“

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk