ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Уметничка акција во Скопје за Европскиот ден за заштита на личните податоци

January 28, 2025 13:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со уметничка акција поставена на улица „Македонија“ во Скопје, Урбани уметнички акции – Урбана герила на Центарот за современи уметности денеска го одбележува Европскиот ден за заштита на личите податоци – 28 јануари.

– Оваа уметничка акција е посветена на борбата за заштита на личните податоци бидејќи секојдневно сѐ повеќе наши граѓани се жртви на злоупотреба на нивните лични податоци. Во полесните случаи, ефектите од злоупотребени, односно кражбата на личните податоци, се сведуваат на пренатрупаност преку е-маил, „Вибер“, СМС и слични пораки на електронските уреди, но, во посериозните случаи, граѓаните, за жал, остануваат со празни банкарски сметки, исплаќаат разни претплати за што никогаш не се согласиле, а во екстремни случаи поради злоупотреба на нивните податоци, враќаат брзи кредити, се потенцира во денешното соопштение на Центарот за современи уметности.

Идејата на акцијата „Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци – Покриен газ никој не го плука“, како што се појаснува во соопштението, е преку визуелно допадлив уметнички јазик изразен во едноставна, но, ефикасна урбана акција претставена преку гигантски гаќи и спружени алишта со испечатени лични документи, „да обрнеме внимание особено на повозрасните генерации сериозно да ги сфатат заканите и проблемите што произлегуваат од недоволната и несоодветната заштита на личните податоци“.

– Преку оваа акција користејќи го едноставниот народен јазик и острата мисла на народниот творец раскажана во едноставната синтагма, сакаме да потсетиме дека еднакво како што ги криеме „срамните“ делови на нашето тело, треба да ги криеме и нашите лични податоци. На овој начин сакаме да влијаеме на јавноста и на граѓаните да ја развијат свеста и да ја разберат сериозноста на потребата за чување на сопствените лични податоци. Акцијата е наш придонес во одбележувањето на Европскиот ден за заштита на личните податоци – 28 јануари. На овој начин ја одбележуваме годишнината од донесувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на личните податоци, првиот правно обврзувачки меѓународен документ во областа на заштитата на личните податоците, што има за цел да ја подигне свеста и да ги промовира добрите практики за заштита на приватноста и заштита на личните податоци. Овој датум се одбележува секоја година од сите земји членки на Советот на Европа, како и од институциите на ЕУ, се истакнува во соопштението.

Акцијата e поставена на улица „Македонија“ во близина на Спомен куќата на Мајка Тереза.

– Урбаната акција е дело на групата Урбани уметнички акции – Урбана герила на Центарот за современи уметности. Акцијата е дел од проектот „Лажни вести – предупредувајќи ги сограѓаните“ поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global, се појаснува во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk