ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЛДП: Додик да се стави на „црна листа“ во Македонија

January 29, 2025 11:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Со настапот на Свечената академија посветена на празникот Свети Сава, со која се одбележува денот на српската заедница во Македонија како рамноправна со другите заедници наведни во Уставот на државата и на оние помали заедници кои живеат, во Македонија, претседателот на српскиот ентитет на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, ги навреди сите граѓани на Македонија со своето дрско непочитување на ставовите и позициите на домаќинот, соопштуваат од Либерално-демократската партија (ЛДП).

Оттаму велат дека „македонската држава ја признава независноста и сувереноста на државата Босна и Херцеговина, за тоа нема сомнеж кај ниту еден граѓанин и граѓанка на Македонија. Секој политички дискурс кој го доведува во прашање интегритетот на Босна и Херцеговина е неприфатлив. Собранието на  Македонија има консензуално усвоено Резолуција со која се признава геноцидот во Сребреница и тоа е национална позиција на македонската држава. Впрочем, тоа е и позиција на Генералното Собрание на Обединетите Нации“.

„Како либерали, поддржуваме слобода на говор и секој може да каже сопствено мислење, но кога е некој поканет да говори на настан во кој е вклучена македонската држава мора да ги почитува законите и позициите на нашата држава. Оној кој го злоупотребува гостопримството треба да се соочи со откажување на истото тоа гостопримство. Оној кој е на црната листа на нашите стратешки сојузници како САД, Велика Британија и Европската Унија, најмалку треба да биде гостин во Владата или Собранието на Македонија. Напротив. Не можеме од една страна да ги поддржуваме нашите сојузници од САД, Британија и ЕУ кога поради нашата нефункционалност ставаат наши сограѓани на црни листи, а од друга страна да не ги почитуваме кога истото тоа го прават со поединци од други земји, особено во нашиот регион“, се наведува во соопштението од ЛДП.

ЛДП бара од Владата да им се придружи на санкциите на САД и на Британија и да му забрани влез во Македонија на Милорад Додик и други спорни лица од регионот.

Tags: ДодикЛДП
Next Post

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешен помошник министер и раководител во сектор за набавки во МВР

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk