Тешка катастрофа е инкриминирани лица да бидат советници на премиерот, тоа значи уште поголемо влијание од сегашното на Груевски. Ние имавме многу прилики да видиме, да слушнеме од бомбите што тие луѓе правеа, така што, си продолжуваат по старите режимски навики, истакна потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, за емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.
Чупеска нагласи дека тоа се луѓе коишто директно работеа со Груевски и потсети на дел од работите што го правеше режимот меѓу кои и упадот во Собранието на 27 ми април.
-Најмалку им е место во владата на вакви луѓе, што ќе советуваат, како се прави државен удар? Стварно е толку невкусно тоа што еманира порака према јавноста дека неказнивоста е можна. Да си влезете во Собрание, да ги претепате народните пратеници и никому ништо, нагласи Чупеска.
Едно е лагалистичкиот пристап но во никој случај не смее моралните и хуманистичките норми, нормите што се врзани за демократијата, којашто е гаранитрана во нашиот Устав да бидат доведени во прашање, порача потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, за емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.
Премиерот Христијан Мицкоски има 17 надворешни советници чии имиња се јавно објавени. Меѓу нив, се и поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски.
Пешевски е советник за стратешки прашања од областа на економијата, а Ставрески за финансии и банкарство. Поранешниот претседател на Собранието е советник за собраниски, политички и правосуден систем.
Поврзано:
Објавена листата на надворешни советници на премиерот, меѓу нив функционери од времето на Груевски