Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите за Блискиот Исток со Израел и неколку други земји „се движат напред“.
-Преговорите за Блискиот Исток со Израел и неколку други земји напредуваат, рече Трамп на прес-конференција пред неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида.
Новоизбраниот претседател на Републиканската партија утре во Вашингтон треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а една недела подоцна, на 11 февруари, ќе биде домаќин на јорданскиот крал Абдула Втори.
Трамп, исто така, рече дека разговорите што САД ги водат со Украина и Русија во врска со речиси тригодишната војна „одат многу добро“.
-Имаме состаноци и дискусии со различни учесници, вклучувајќи ги Русија и Украина. Мислам дека овие дискусии се одвиваат многу добро, нагласи американскиот претседател.