Петнаесет лица, меѓу кои 14 жени, се убиени во напад со автомобил-бомба врз возило што превезувало земјоделски работници во северна Сирија, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Други 15 жени се ранети во експлозијата во предградието на градот Манбиџ, источно од Алепо, според Сириската цивилна одбрана.
Агенцијата, која е позната и како Бели шлемови, соопшти дека некои од ранетите се во критична состојба и предупреди дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Тоа беше втор смртоносен напад со автомобил-бомба во областа Манбиџ за три дена. Во саботата, две деца и една жена беа меѓу четворицата загинати во експлозија на улица во центарот на градот, соопштија Белите шлемови.
Досега ниту една вооружена група не ја презеде одговорноста.
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа