ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Два смртни случаи со грип, бројот на заболени во државава сѐ уште во пораст

February 6, 2025 15:14
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на петта недела од 2025 година, од 27 јануари до 2 февруари, пријавени се 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип и слични заболувања. Евидентирани се два смртни случаи асоцирани со грип. Во Ресен, Кавадарци, Кратово, Свети Николе и во Струмица има многу висока активност на вирусот на грип, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Пријавените 3.036 случаи се за 61,7 проценти повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со петта недела од минатата сезона, е зголемен за 83,7 отсто. Во споредба со бројот за петта недела од типичната епидемиска крива – моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 35,4 проценти.

Од новите случаи, во однос на возрасната дистрибуција, 1.650 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца на возраст од пет до 14 години се 720, а 412 се до четири години. Вирусот е регистриран кај 254 лица на возраст над 65 години.

Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 978, Кавадарци – 327, Струмица – 320, Куманово – 168, Охрид – 156, Битола – 143, Штип – 103, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто. Во четири извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во шест – сезонска, во девет – средна, во пет – висока, а во Ресен, Кавадарци, Кратово, Свети Николе, Струмица – многу висока активност на вирусот на грип, покажуваат податоците на ИЈЗ.

Во текот на оваа недела, пријавени се два смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 59 до 77 години од Скопје и Свети Николе, кои биле хоспитализирано во КИБФС и КБ – Штип.

– Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09 и Influenza A – несубтипизиран, појаснуваат од ИЈЗ.

Од сентинел местата што учествуваат, во петта недела пријавени се вкупно 73 САРИ случаи, од сентинел САРИ местата во Скопје – УК за детски болести и УК за респираторни заболувања кај деца – Козле и Штип. Најголем број на САРИ случаи се пријавени од Клиниката за детски болести – Скопје. Во однос на возрасната дистрибуција, најголем број на САРИ случаи се пријавени од возрасната група до четири години.

– Во оваа недела, вкупен број на приеми во сентинел местата е 183, а едно дете од Клиника за детски болести е примено на интензивна нега. Од сите приеми, 39,9 отсто се должат на САРИ. Најголемо оптоварување се бележи кај возрасната група од 15 до 29 години, информираат од ИЈЗ.

Во сезоната 2024/2025, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 8.734, според податоците на ИЈЗ.

Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 0,8 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 11,9 проценти.

– Сентинел надзорот се спроведува како дополнување на редовниот систем за надзор над грип и Ковид-19 во Република Северна Македонија, со цел да се добијат подетални информации во однос на инциденца, интензитет, тип на вируси кои циркулираат и за имплементација на навремени превентивни мерки. Сентинел САРИ (сериозни акутни респираторни инфекции) надзорот се спроведува во шест надзорни болници, пет во Скопје (УК за инфективни болести и фебрилни состојби, УК за детски болести, УК за Пулмоалергологија, ГОБ „8 Септември“ и УК за респираторни заболувања кај деца – Козле) и една во Штип (КБ – Штип). Дефиницијата за случај на САРИ според која се спроведува надзорот е усогласена со дефиницијата на случај на СЗО од 2014 година. Кумулативно, од сентинел местата кои учествуваат, пријавени се вкупно 532 САРИ случаи, од кои 12 лица се пријавени на интензивна нега. Најголем број на САРИ случаи, се пријавени од надзорното место УК за детски болести. Во однос на возрасната дистрибуција, најголем број на САРИ случаи се пријавени од возрасната група до четири години. Кумулативно, вкупен број на приеми во сентинел местата е 4.085. Од сите приеми, 13,0 отсто се должат на САРИ. Најголемо оптоварување од 15,8 проценти се бележи кај возрасната група од 30 до 64 години. Во текот на сезоната 2024-2025 пријавен е еден смртен случај од САРИ местото од Штип (КБ – Штип), на возраст од 30 до 64 години, невакциниран, со коморбидитети. Починатото лице е тестирано позитивно на Influenza A(H1)pdm09, појаснуваат од ИЈЗ.

Од Институтот потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од грипот. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи, согласно препораките на СЗО: постарите лица – над 65 години, деца на возраст од шест до 59 месеци, лица постари од шест месеци со хронични болести, бремени жени, здравствени работници.

Заклучно со петта недела, во државава вакцинирани се вкупно 72.373 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk