ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нова он-лајн апликација на Агенцијата за катастар на недвижности, која овозможува електронски увид во статусот на предметите

February 6, 2025 12:13
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, ОПШТЕСТВО

Агенцијата за катастар на недвижности информира дека од денеска официјално е пуштена во употреба апликацијата за увид во статусот на барањата поднесени и заведени во електронскиот систем на Катастарот. Со новата апликација се зголемува ефикасноста, а граѓаните и професионалните корисници брзо и едноставно ќе можат по електронски пат да го следат статусот на своите предмети. Откако ќе поднесат барање, неговиот статус ќе биде достапен во реално време – не повеќе од 1 час по поднесувањето.

– Ги слушавме вашите повратни информации, ги анализиравме проблемите и се обврзавме да создадеме решение кое не само што ќе ги надмине овие предизвици, туку и ќе нè поттикне напред во дигиталните иновации, истакна директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Иван Живковски. Тој додаде дека граѓаните остануваат главен приоритет, а дигитализацијата е високо на агендата на актуелното раководство.

Станува збор за апликација која подолго време била нефункционална и надвор од употреба. Новата апликација e достапна преку веб-страницата на Агенцијата во делот „Увид во статус на предметот“. За користење, потребно е да се внесе кодот од потврдата за прием на барањето, по што ќе се прикажат основните податоци за типот на барањето и неговиот моментален статус, со ажурирање во рок од најмногу 1 час.

– Ова е ново поглавје во нашата дигитална трансформација. Со оваа апликација не само што сме во чекор со технолошките трендови, туку го забрзуваме темпото кон целосна модернизација на институцијата. Ги охрабрувам сите заинтересирани да ја користат апликацијата и со внесување на кодот од потврдите за барањата да го проверат статусот на предметите, додаде директорот Живковски.

Линк до апликацијата: http://status.katastar.gov.mk:8080/status-work/Login.jsp

Tags: Агенција за катастар на недвижностион-лајн апликација
Next Post

Концерт на Филхармонијата со виолинистот Марк Бучков „Магична виолина“

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk