ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: „Трепча“ ги враќа своите имоти; Утре ќе се гласа во амбасадите и конзулатите на Косово; „Што јаде Путин за појадок-Како функционира пропагандата на Кремљ во Европа

February 7, 2025 13:15
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Косово, Акционерското друштво „Трепча“ ги враќа под своја управа сите имоти. „За прв пат по војната се прави целосен и детален регистар за сите имоти на Косово. Ова е суштински чекор за транспарентност и стратешко управување со богатството на Трепча“, велат од Акционерското друштво.

За прв пат во историјата на државата Косово, дипломатските претставништва на Косово ќе бидат претворени во Гласачки центри за да ги пречекаат своите граѓани да гласаат на изборите за Собранието на Косово, пренесуваат косовските медиуми.

Во Албанија, една од најпозитивните вести денеска пренесени од медиумите, е откривањето на едно од најголемите термални езера во светот, од тим чешки научници.

Во продолжение се поместени сите содржини од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Репортери: „Трепча“ ги враќа под управување сите имоти

Акционерското друштво „Трепча“ соопшти дека ги вратило под управување сите имоти.

Уверенијата за сопственост вчера беа доставени во рацете на главниот извршен директор на Трепча, Фатон Ахмети.

„Долгогодишниот предизвик конечно доби решение! Со децении имотите на Трепча се распределени во 273 различни апоени, што го отежнува нивното администрирање и развој по војната“, се вели во официјалното соопштение на компанијата, пренесе Репортери.

„За прв пат по војната се прави целосен и детален регистар за сите имоти на Косово. Ова е суштински чекор за транспарентност и стратешко управување со богатството на Трепча. Процесот ќе продолжи и понатаму со вклучување на други имоти кои се уште не се регистрирани, со што ќе се обезбеди јасен и целосен преглед на сите средства на компанијата“, се наведува во соопштението.

Газета Експрес: Утре ќе се гласа во амбасадите и конзулатите на Косово, Елези: Организирано во 19 земји, може да гласаат само регистрирани гласачи

За прв пат во историјата на државата Косово, дипломатските претставништва на Косово ќе бидат претворени во Гласачки центри за да ги пречекаат своите граѓани да гласаат на изборите за Собранието на Косово.

На 8 февруари во 19 различни земји во светот, главно во Европа, но и во Соединетите Американски Држави и Канада, 20 илјади и 324 граѓани на Косово кои при пријавувањето го избрале овој начин на гласање, ќе можат да гласаат од 07:00 до 19:00 часот, според локално време на соодветната земја, пренесе Газета Експрес.

РТК: Соренсен одржа одвоени разговори со Бислими и Петковиќ

Претставникот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Петер Соренсен, соопшти дека денеска одржал одвоени разговори со главните преговарачи на Косово и Србија, првпат откако неговиот претходник Мирослав Лајчак стапи на должност.

„Денеска одвоено разговарав со двајцата главни преговарачи, од Косово, Бесник Бислими и од Србија, Петар Петковиќ. Ги ценам многу добрите разговори и ги поздравувам нивните покани да ги посетам Косово и Србија“, изјави Соренсен на Икс, пренесе РТК.

АЛБАНИЈА

Телеграфи: Трамп ја суспендираше странската помош, ЕУ и гарантира на Албанија за СПАК

Одлуката на американскиот претседател  Доналд Трамп привремено да ги суспендира сите американски програми за странска помош на 90 дена, во очекување на прегледите од новата администрација, нема да ја спречи Европската унија да продолжи да ги поддржува реформите во правдата во Албанија, како и СПАК во нејзината работа.

Овој став го искажа делегацијата на ЕУ во Тирана, откако во четвртокот беше прашана од медиумите за помошта на ЕУ во правосудниот сектор.

Како одговор на интересот, делегацијата на ЕУ во Тирана изјави дека е запознаена со најавата на претседателот Трамп за привремено суспендирање на сите американски програми за странска помош за 90 дена во очекување на ревизијата од новата администрација, пренесе Телеграфи.

Газета Шќип: Во Албанија откриено едно од најголемите подземни термални езера во светот

Тим чешки научници открија подземно термално езеро во Јужна Албанија.

Според нив, ова е едно од најголемите езера од тој вид во светот, како што го нарекоа езерото Неурон, по фондацијата што ја финансираше експедицијата, пренесе Газета Шќип.

Во долините на планинските погранични области меѓу Грција и Албанија, чешките научници веќе неколку години ја истражуваат сложената подземна ситуација. Во регионот Вромонери, на албанската страна на границата, во 2021 година наидоа на обемен пештерски систем, кој оттогаш го мапираа детално.

Системот содржи многу топли извори кои испуштаат високи столбови на пареа, а следењето на изворот на пареата ги навело да пронајдат бездна длабока над сто метри, која ја нарекле Атмос. На дното на таа бездна, тимот сега го потврди откритието на досега најголемото подземно термално езеро во светот. Со должина од 138 m, ширина од 42 m и обем од 345 m, може да собере 8.335 m3 топла вода.

КОЛУМНА

Коха: Што јаде Путин за појадок? Како функционира пропагандата на Кремљ во Европа

„Што јаде Владимир Путин за појадок? Српскиот провладин весник „Вечерње новости“ со сигурност знае: „Обично појадува напладне, често омлет или овесна каша, со јајца од препелица и чаша овошен сок. Веднаш по појадокот, време е за кафе, а потоа Путин поминува малку време во теретана. Познато е и дека Путин се храни здраво, а омилен зеленчук му се доматите, краставиците и зелената салата. Преферира риба, иако омиленото месо му е јагнешкото, а избегнува слатки“.

Така – од Белград – функционира и обожавањето на „јунаците во служба на Русија“. Но, има и поекстремни примери на пропаганда, како што покажува новообјавената студија „Русија: Претходница на автократиите – Како Кремљ ја дестабилизира Европа“. Оваа студија е финансирана од германската фондација „Фридрих Науман“, која е блиска до либералната партија ФДП.

Автор на студијата е Томас Бреј, кој со децении известува од Белград за германската новинска агенција Дојче Пресе Агентур (ДПА) за случувањата на Балканот.“, пишува Авторот Енвер Робели во колумната „Што јаде Путин за појадок? Како функционира пропагандата на Кремљ во Европа“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумирегион

НАЈНОВО

Русија стана првата земја што го призна талибанското раководство во Авганистан

July 4, 2025

Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти

July 4, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со Grok

Трамп вели дека е разочаран од Путин, денеска ќе разговара со Зеленски

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концертна промоција „FIN Project“ и Тања Царовска на албум „Егрегор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk