ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Обвинение за четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

February 7, 2025 10:09
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против четири лица за злоупотреба во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата.

-Обвинителниот акт се темели на докази од кои произлегува дека обвинетиот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги сторил кривично дело со дејствијата што ги преземал во период од февруари до април 2013 година, свесно ги повредувајќи ги прописите за постапката за доделување на договор за јавна набавка сторил кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, соопшти утрово Јавното обвинителство.

Имено тој, склучил договори за заеднички настап со три правни лица со цел да бидат искористени ресурсите на членовите на групата при оценување на економско финансиската состојба на понудувачот, иако немал намера истите да ги ангажира при реализацијата на договорот и изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи за реконструкција на фасадата и илуминација на објектот на Владата на Република Македонија.

Во понудата, како што велат од Обвинителството, и покрај тоа што бил должен согласно Законот за јавни набавки, доставил два подизведувачки договори со други две правни лица, но не и за останатите подизведувачи на кои имал намера да им отстапи дел од договорот за јавна набавка.

-По склучување на договорот за јавна набавка, обвинетиот не постапил по договорите за заеднички настап, според кои правните лица како членови на група економски оператори ставајќи ги на располагање своите техничко-технолошка опрема, кадар и финасиско-економски ресурси, требало да изведуваат дел од работите доколку бидат доделени на правното лице чиј управител е обвинетиот. Со преземените дејствија обвинетиот за друштвото со кое управувал остварил имотна корист од поголеми размери во износ од 470.018.103,00 денари, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Заедно со обвинителниот акт е доставен и обвинителен предлог со кој освен погореобвинетиот се опфатени уште три лица кои сториле по едно продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

-Во периодот од месец мај 2013 до крајот на октомври 2016 година, обвинетите – директор на владина служба, управител на правно лице задолжено за стручен надзор над работењето на фасадата и илуминација на објектот на ВРМ и главен надзорен инженер, со умисла поттикнати од првообвинетиот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги – изведувач на проектот, со намера нанеле значителна имотна штета на средствата на Буџетот на Република Македонија во износ од 184.015.304,00 денари, се наведува во соопштението.

Според Обвинителството, подизведувачот за изведување на градежни и градежно занаетчиски работи за изведба на декоративни и фасадни елемети и изведба на каменорезачки работи за објектот на Владата, иако не поседувал лиценца за изведувач на градби од прва категорија, бил ангажиран и притоа не ги испочитувал одредбите од подизведувачкиот договор, па извршил монтажа на декоративни фасадни елементи изработени од материјал што не соодветствувал на материјалот предвиден во основниот проект.

-Второобвинетиот, со умисла поттикнат од првообвинетиот, не ја извршил својата службена должност и при реализацијата на договорот не ставал забелешки во поглед на начинот на изведба на работите и употребениот материјал и покрај тоа што сертификатите и целокупната преписка помеѓу изведувачот на работите и носителите на стручниот надзор во поглед на материјалите и изведбата на декоративните фасадни елементи била доставувана до него, со тоа дозволил декоративните фасадни елементи од материјал што ги нема потребните карактеристики да бидат вградени. Трето и четврто обвинетите како одговорни лица за реализација на договорот, со умисла поттикнати од првоосомничениот, не ги извршувале своите посебни овластувања и должности, не вршеле проверка на квалитетот на вградените материјали во градбата и не ставале забелешки во градежните дневници во однос на материјалот од кој биле изработени фасадните елементи со што му овозможиле на друштвото – изведувач преку ангажираниот подизведувач да изведе и да вгради елементи изработени од материјал што не ги поседувал потребните карактеристики и не бил еквивалентен на материјалот предвиден во основниот проект, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Next Post

Казнет со 200 евра зашто зборувал на телефон со вклучен звучник во Франција

НАЈНОВО

Лери Самерс се повлекува од јавноста по обелоденувањето на мејловите со Џефри Епстајн

November 18, 2025

Таткото на Вирц: Флоријан не жали што дојде во Ливерпул – сè оди според планот

November 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Биткоин повторно под 90.000 долари – криптопазарот изгуби 1,2 трилиони за шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk