Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај е уапсен денеска по наредба на Специјалното обвинителство на СПАК, јавуваат албанските медиуми.
За Велиај, Специјалното обвинителство водеше истраги поврзани со повеќе обвиненија, како злоупотреба на службената положба, активна корупција, пасивна корупција, непријавување имот и перење пари.
Исто така, претставници на Националното биро за истраги извршија неколку проверки во деловните простории на сопругата на Велиај, Ајола Ѕоѕа и неговиот брат Арби Велиај.
Д. Т. / Цивил Медиа