Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, и комесарката за проширување, Марта Кос, оценија дека општиот процес на изборите на 9 февруари во Косово покажал стабилност и посветеност на демократските принципи, пренесоа косовските медиуми.
Централната изборна комисија вчера почна да ги брои гласовите на кандидатите за пратеници и да ги верификува гласовите на политичките субјекти во Приштина, Липјан, Обилиќ и Партеш.
ЦИК соопшти дека за разлика од трите општини, во Приштина се појавиле проблеми, но, и покрај ова, процесот на броење продолжува во оваа општина, а во текот на денот се очекува да започне и во другите центри.
Во Албанија, по приведувањето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, албанскиот премиер Еди Рама го обвини специјалниот суд (СПАК) за прекршување на човековите права.
Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.
КОСОВО
Калѕо: Калас и Кос за изборите на 9 февруари: Косово покажа посветеност на демократските принципи
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, и комесарката за проширување, Марта Кос, оценија дека општиот процес на изборите на 9 февруари во Косово покажал стабилност и посветеност на демократските принципи.
„Европската унија очекува формирањето на новото косовски Собрание и Владата да продолжи со ангажманот на косовските власти во одговорна регионална соработка, и да ги интензивираат нивните напори за зајакнување на владеењето на правото и јавната администрација, како и за заштита на слободата на изразување“. – се вели во соопштението објавено на 11.02.2025 година, пренесе Калѕо.
Репортери: По вчерашните проблеми, во Приштина продолжува пребројувањето на гласовите за кандидатите за пратеници
Централната изборна комисија вчера почна да ги брои гласовите на кандидатите за пратеници и да ги верификува гласовите на политичките субјекти во Приштина, Липјан, Обилиќ и Партеш.
ЦИК соопшти дека за разлика од трите општини, во Приштина се појавиле проблеми.
„Процесот на пребројување на гласовите на кандидатите за пратеници и проверка на гласовите на политичките субјекти, вчера го започнавме во Општинските пребројувачки центри во општините:
Приштина, Липјан, Обилиќ и Партеш. Во НКЦ на Обилиќ, Липјан и Партеш процесот на броење и евидентирање на овие резултати на електронската платформа и дигитални обрасци е без никаков проблем развиен, но во НКЦ на Приштина повремени се искажани проблеми“, велат од ЦИК.
Но, и покрај ова, процесот на броење продолжува во оваа општина, а во текот на денот се очекува да започне и во другите центри.
За проблемите на денот на изборите, кога веб-страницата на ЦИК не работеше за првичните резултати, од Централната изборна комисија го повикаа државното обвинителство и другите безбедносни институции да ја разјаснат ситуацијата, додека за неточноста во врска со првичните резултати на политичките субјекти и учеството, се вели дека ќе се преземат сите активности за да се направат потребните подобрувања, пренесе Репортери.
Албеу: Рашиќ обвинува за манипулации од Српска листа: Непознати лица нудат пари за укинување на гласовите на мојата партија
Претседателот на партијата „За слобода, правда и опстанок“ Ненад Рашиќ покрена сомнеж за можноста за манипулација со гласовите од Српската листа.
Рашиќ во изјава за Телеграф објави дека неговите соработници го информирале дека непознати лица почнале да контактираат со луѓе кои нудат големи суми пари за да ги укинат гласовите на партијата на Рашиќ.
„Синоќа околу 19 часот разговарав со претставниците на мојата партија во регионот, и дел од нив ме известија дека им се јавиле непознати броеви и непознати лица каде нуделе големи суми пари за да ни го поништат гласот. Ова не сум го слушнал само од еден човек за да може да се каже дека е шпекулација, но од многу мои колеги слушнав дека им се нудат големи суми пари за манипулација со гласовите“, рече Рашиќ, пренесе Албеу.
АЛБАНИЈА
НОА -Рама: СПАК и ЃККО ги прегазија човековите права и слободи!
Албанскиот премиер Еди Рама во својот говор за време на денешниот состанок на пратеничката група на социјалистите рече дека правдата, мислејќи на СПАК и ЃККО, ги прекршиле човековите права со истражни процеси слични на методите на поранешната Државна безбедност.
Шефот на Владата, Еди Рама, осврнувајќи се на апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и на истрагите за шефицата на Комисијата за закони, Клотилда Бушка, рече дека повеќе нема да молчи пред прекршувањата и бруталноста на СПАК и ЃККО кон граѓаните, пренесе НОА.
Топ Чанел: Одложено рочиштето за Ерион Велиај за 13:30 часот, адвокатите бараат да го прегледаат досието
Специјалниот суд денеска во 8 часот и 30 минути ја започна верификацијата на градоначалникот Ерион Велиај, неговата сопруга Ајола Ѕоѕа, осомничени за меѓусебна соработка и перење пари.
Седницата е одложена за 13:30 часот, откако адвокатите побарале да го прегледаат досието, пренесе Топ Чанел.
На истата седница се и бизнисменот Елман Абуле, осомничен за перење пари и останатите петмина, Гентиан Сула, Фатмир Бекташи, Мериман Палуши, Сокол Круезиу и Шкелќим Фуша, кои треба да се појават.
КОЛУМНА
Коха: „Четири пораки од изборите“
„Во 2025 година се случи невидена кампања против владејачката партија и нејзиниот лидер. Оваа кампања не беше на опозициските партии, туку на етаблираните групи во некои медиуми – или профитабилно поврзани со претходните сили, или ги застапуваа посебните интереси на нивните сопственици, или обично ги поврзуваа двете, вели Авторот на колумната Ветон Сурои, во третата од четирите точки во кои ги анализира годинешните парламентарни избори во Косово, споредувајќи ги со изборите во 2021.
„Кампањата се потпираше на навреди, полувистини и невистини и создаде средина на екстремна поларизација. Изборните митинзи, денот на гласањето и резултатите од изборите, сепак, не ја одразуваат потрошената енергија неколку месеци по ред од оваа негативна кампања. Овој тест на гласачкото тело покажа дека тој е далеку позрел од бучната дебата што секоја вечер се води во некои од телевизиските студија, пишува понатаму Сурои.
„На изборите во 2025 година, се појави политичка коалиција која се залагаше за конзервативна исламска агенда. Коалицијата не освои доволно гласови за учество во Собранието. При тестирањето на електоратот не помина идејата партија која се залага за верска агенда, важен сигнал за шпекулациите за влијанието на религијата врз политиката во Косово и недостигот на разбирање дека во Косово прашањето на религијата е индивидуално право, а не агенда на колективен идентитет.“, пишува косовскиот публицист и автор Ветон Сурои, во колумната „Четири пораки од изборите“, објавена во дневникот Коха.
Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа