ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судски совет: Секој обид за поткопување на независноста на судската власт е директна закана за независноста и демократијата на државата

February 13, 2025 14:27
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Секој обид за поткопување на независноста на судската власт преку притисок од било каков вид и од било кого против членовите на Судскиот совет и судиите претставува дирекна закана за независноста и демократијата на државата и владеење на правото, реагираат од Судскиот совет.

– Судскиот совет на Република Северна Македонија изминатиот период внимателно ги следи случувањата во врска со изјавите на носителите на највисоките функции на државната власт и изразува загриженост бидејќи истите се одразуваат на интегритетот на членовите на Судскиот совет и на судиите и директно влијаат врз перцепцијата и довербата на граѓаните за работата на Судскиот совет и судството, стои во соопштението од Судскиот совет.

Во секоја правна држава, се посочува, независноста на судската власт е еден од основните столбови за гарантирање на законитоста, правдата и заштита на правата и слободите на граѓаните.

– Членовите на Судскиот совет и судиите мора да бидат ослободени од каква било форма на притисок и влијание, за да истите одлучуваат самостојно и независно и во таа насока Судскиот совет упатува апел до сите носители на јавни функции, во своето работење и делување доследно да ги почитуваат Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот, со цел владеење на правото и враќање на довербата кај граѓаните во системот, се вели во соопштението од Судскиот совет.

Членовите на Судскиот совет во изминатиот период се најдоа во фокусот на јавноста, најпрво по внатрешнте рокади на претседателската функција и оставките и изборот на нови членови, а потоа и по најавите од извршната власт за негово реформирање. Власта пред Нова година започна процес за носење на нов Закон за Судски совет, кој, според најавите, треба да биде донесен до јуни годинава, а во меѓувреме во Собранието е поднесена и интерпелација против петмината членови на Судскиот совет кои се избираат во Собранието.

Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ минатата недела до Собранието поднесоа поединечни интерпелации за членовите на Судскиот совет – Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.

Согласно собранискиот Деловник и роковите, очекувањата се дека седница на која ќе се расправа за интерпелациите би имало до или на почетокот на март.

Советот е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина ги избира Собранието од кои двајца на предлог на претседателот на државата. По функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, кои учествуваат во работата на Советот без право на глас. Мандатот на избраните членови трае шест години со право на уште еден избор.

По предлог на претседателот на државата, членови на Советот се Весна Дамева, избрана во декември 2019 година и Миљазим Мустафа избран во јули 2019 година.

Членовите на Советот кои се бираат од Собранието се Тања Чачарова-Илиевска избрана во декември 2021 година, Павлина Црвенковска избрана во декемри 2020 година и Селим Адеми избран во декември 2019 година.

Петмина од членовите од редот на судиите беа избрани минатата година. Во декември судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип, претходно во септември беше избрана судијката Џенета Бектовиќ од Основниот кривичен суд Скопје како член на Советот од редот на судиите припадници на заедниците, кои се помалку од 20 проценти од населението во државата, додека во јуни нови членови станаа судиите Исамедин Лимани од Врховниот суд и Александар Камбовски од битолското апелациско подрачје.

Останатите тројца членови на Советот од редот на судиите се судијката Антоанета Димовска избрана во јули 2023 година, судијата Ивица Николовски избран во септември 2022 и Ханиф Зендели избран во јануари 2020 година.

Единствениот орган за избор, оценка и контрола на работата на судиите и чуварот на довербата на граѓаните кон судството – Судскиот совет, годината ја почна со претседателски „рокади“, а ја заврши со празно столче на функцијата претседател на Советот. На седница на 3 јануари годинава со 13 гласа за нов претседател на Судскиот совет беше избран судијата Александар Камбовски, кој доаѓа од Апелација Битола и беше избран за член на Советот во јуни минатата година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи

July 15, 2025
AI Generated Image

Астронаути од Индија, Полска, Унгарија и САД се враќаат на Земјата

July 15, 2025
Скриншот

Индиски и светски авиокомпании во вонредна проверка на прекинувачите за гориво на „Боинг“ по катастрофата на „Ер Индија“

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk