На 18 март 2025 година во Македонската филхармонија Јордан Костов и Пријатели ќе ја запознаат публиката со невното најново музичко остварување „Маглота“.
– Најновиот музички проект, роден од длабока поврзаност со традиционалната музика на Индокина и Виетнам, стои како доказ за магијата што се случува кога музиката се испреплетува со природата и културата. Албумот го прикажува неверојатниот талент на шест меѓународни музичари и уметници, вешто инкорпорирајќи ги традиционалните музички инструменти кои се длабоко испреплетени со нашиот секојдневен живот. Ќе ве плени хармоничниот спој на традиционалните индо и виетнамски мелодии што ги произведува овој албум, се наведува во најавата.
Концертот во Скопје, ќе го збогати познатиот македонски хор Св. Злата Мегленска составен од 20 женски вокал со нивниот диригент Летка Димовска-Полизова, заедно со инструментите на шесте интернационални музичари: Роман Столјар – пијано, Јапинг Ванг – Јанџин, Бренда Охана – маримба – Фармбало, Фенгиацко. -контрабас и Јордан Костов акцент, композиција.
Концертот ќе започне во 20 часот.
Ј. Ѓ.