ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стотици убиени во напади на паравоените сили на РСФ во Судан

February 18, 2025 16:51
in ДЕНЕС, СВЕТ

Стотици цивили, вклучително и бебиња, се убиени во неодамнешните напади на паравоените сили за брза поддршка (РСФ) во суданската држава Бел Нил, соопштија денеска суданските власти и групите за човекови права.

Суданското Министерство за надворешни работи во соопштение цитирано од египетската државна телевизија Кахера наведува дека паравоена група напаѓала цивили во селата во областа Ал Гитана во последните неколку дена.

Во соопштението се наведува дека бројот на загинати е 433, додека Прелиминарниот комитет на суданскиот синдикат на лекари наведува 300 жртви.

Групата за човекови права која го следи насилството врз цивилите во соопштение утринава посочи дека повеќе од 200 луѓе, меѓу кои жени и деца, се убиени во нападите на РСФ, а стотици други се повредени во изминатите три дена.

Министерот за култура и информации Калид Али Алеисир рече дека неодамнешните напади на РСФ врз селата лоцирани во државата Бел Нил се најновото „систематско насилство врз невооружени цивили“.

Според ОН, во војната во Судан, која започна во април 2023 година, загинаа повеќе од 24.000 луѓе, а раселени се повеќе од 14 милиони или речиси една третина од населението. Се проценува дека 3,2 милиони Суданци побегнале во соседните земји, вклучувајќи ги Чад, Египет и Јужен Судан.

Next Post

Интервју со амбасадорката на Украина, Лариса Дир: Ништо за Украина без Украина!

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk