ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пациентка од Струмица: Секој ден си ги оставам малите деца сами дома за да одам во Скопје да примам хемотерапија

February 19, 2025 12:08
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
онкологија

На Клиниката за онкологија нема доволно кадар, има само една лабораторија за крв, цела држава се лечи само на една Клиника за онкологија, пишува пациентката Вања Андонова од Струмица на својот профил на Фејсбук. Таа во емотивна објава сподели како изгледа еден нејзин ден, во кој мора да патува до Струмица до Скопје за да дојде на Клиниката и да ја прими потребната терапија, пренесува Мета.мк.

„Станувам во 5 часот наутро. Будам мало дете од 7 години го облекувам за училиште и викам: спиј мама, надвор е уште темно, имаш време за на училиште. А тоа вели: А зошто мама одиш на болница во темното, а јас му одговарам, па за да завршам и да се вратам порано. Цел ден од темно до темно оставам две малолетни деца да се грижат сами за себе. Целта е да стасам порано, за да завршам се порано. Ама не е така, на клиниката на секоја врата се чека долго, цела Македонија сме во една клиника“, пишува Андонова.

Таа вели докторите и сестрите ни паузи не користат за да постигнат да ги опслужат сите пациенти.

„Една лабораторија за крв, 100 пациенти чекаат ред и сите со таа крвна слика одиме на дневна амбуланта, каде исто така чекаме ред. Уште еден поголем проблем е тоа што младите медицински сестри кои беа на работа, си отидоа без плата и без решенија, фали персонал. Амбулантата која беше само за инекции веќе не работи, така што сега и тие пациенти чекаат заедно со нас кои сме за хемотерапија. Нема доволно столчиња за седење, па некои си седиме на скалите, зашто така налага процедурата на лечење. И кога добиваме бројче, може да е 29 или 39 или 55. И се чудиш кога ќе дојдеш на ред“, споделува Андонова.

Таа бара од властите треба да одделат во секој град по една соба од болниците за онколошките пациенти.

„Обучете персонал, секаде во светот така функционираат работите. Ги бркате младите од своите родни куќи за подобар живот да бегаат во други држави. Никој не остана. Доста крадете. За каде ви се парите? Ќе си купувате уште џипови? Ќе градите згради? Ќе го купите пола град? Ќе бидете моќници? Ќе не гледате од високо? Ние се мачиме од вашата незаинтересираност за ништо. Се лечиме во странство со донации. А вие уште крадете и крадете. Да имавте осет, ќе се срамевте самите од себе“, пишува Андонова, која дополнува дека има само еден апарат за пет-скен снимање и дека тој ни одблизу не е доволен да ги опслужи сите пациенти.

Овие проблеми на Клиниката за онкологија се провлекуваат одамна. Има медицински персонал кој замина откако беше обелоденето дека терапијата за болните од рак, а посебно скапата биолошка терапија, била препродавана на црниот пазар од вработени на Клиниката, за што беше отворен и предмет во Обвинителството.

Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со онколошките пациенти, пред неколку дена кажа дека тие имаат веќе терапија.

„Болниците во Битола, Тетово, Штип и во „8 Септември“ во Скопје мора да дадат терапија на пациенти кои може кај нив да примат, а најтешките пациенти да бидат третирани на Клиниката за онкологија. Дисперација мора да има“, додаде тој.

Извор:  Мета.мк.

Tags: онкологија
Next Post
Фото: Фронтлајн

Во Франција имамот е признат како професија

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk