ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конференција на ХЕРА за улогата на мажите: Храбро е да се зборува за емоциите, проблемите и предизвиците, така стануваме посилни

February 20, 2025 10:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Продлабочување на дијалогот и унапредување нa пристапите за промовирање на родовата еднаквост,  беа тема на завршната конференција  „Родова еднаквост и улогата на мажите – Изградба на доверба и разбирање“, што денеска се одржа онлајн, како дел од повеќегодишната Програма за родово засновано насилство на ХЕРА.

Претставници од основните и средните училишта, од ресорни министерства, од центри за социјална работа, службата за пробација и граѓанските организации заеднички дискутираа за улогата на мажите, менталното здравје и справувањето со агресијата и стресот, но и за визијата за создавање на поинклузивно и поздраво општество.

Програмската директорка на ХЕРА Елизабета Божиноска во воведното обараќање истакна  „Нашето искуство во раководење на  ММ-центарот за поддршка и советување на момчиња и мажи покажа дека обезбедувањето на бесплатни и доверливи услуги за ментално здравје е клучно за справување со кризите и менталните проблеми кај  момчињта и мажите, кои што најчесто се занемаруваат поради социјалните и културните стереотипи кои постојат во општеството”.

„Мажите кои се грижат за себе и рамноправно го споделуваат работното оптоварување со партнерката се клучот за поголема родова еднаквост и превенција на родово засновано насилството“, рече Ели Скамбор, извршна директорка на Здружение за машки и родови прашања Стирија од Австрија.

Харалд Фугер, Аташe во Австриското Министерство за труд, социјални работи и заштита на потрошувачите истакна дека родовата еднаквост е европска вредност споделена од повеќе луѓе. „Нејзината имплементација во секојдневниот живот, согласно европската легислатива, се уште претставува предизвик. Размената на искуства, обезбедена меѓудругото од Австриското Министерство, придонесува во овој поглед“, рече Харолд Фугер.

Весна Матевска, програмска раководителка зборуваше за важноста на центарот. „Преку ММ- центарот за поддршка и советување на момчиња и мажи, 86 клиенти добија 576 сесии за ментално здравје, а Програмата за психосоцијален третман опфати 44 сторители на насилство со 315 сесии, обезбедувајќи советување, зголемена безбедност на жртвите и професионална психолошка поддршка”, рече Матевска.

На конференцијата се обрати и Јенс ван Трихт, Експерт од Men Engage Europe на тема Редефинирање на маженственоста – Улогата на центрите за советување на мажи. Врз основа на нивното експертско искуство, тој истакна дека „На феминизмот му требаат мажи за подобар свет, а на мажите им треба феминизам за подобар живот“.

Според Кристијан Скамбор, извршен директор на Работа со сторителите во ВМГ – Здружение за машки и родови прашања Стирија од Грац, Австрија, мора да се работи со мажите за да го промениме нивното насилно однесување, со цел да ги заштитиме жртвите. „Затоа, е потребна соработка меѓу институциите, работата со сторителите, поддршка за жените, децата и други лица погодени од насилството во семејството“, рече Скамбор.

„Искуството покажува дека учеството во групите им овозможува на мажите да споделуваат, да истражуваат верувања и очекувања, како и да ја прошират перспективата за насилството и одговорноста.”, истакна Фросина Ивановска, терапевтка од Првиот семеен Центар на ХЕРА.

Виктор Бучковски, Менаџер на ММ-центарот за поддршка и советување на мажи и момчиња на ХЕРА вели дека Центарот го доживува како нов модел на социјален активизам – нешто што е клучно за секоја заедница. „Храброста да зборуваш отворено за своите емоции, проблеми, предизвици. Преку тоа, стануваш посилен како човек, посвесен како личност, а најважно – така ја зајакнуваш сопствената заедница. Оваа трансформација не само што го подобрува индивидуалниот живот, туку и придонесува кон создавање на поинклузивно и поздраво општество“, рече Бучковски.

Ерих Лехнер, претседател на Здружението за работа со мажи во Австрија посочи дека родова еднаквост им е потребна на мажите, а мажите ѝ се потребни на родовата еднаквост.

Кирил Тројачанец, психолог и психотерапевт во ММ-центарот за поддршка и советување на мажи и момчиња на ХЕРА посочи дека ни е потребно на нас повеќе нежност, на луѓето околку нас и на општеството.

Манфред Кумер, регионален експерт за програми за поддршка и советување на мажите, смета дека советувалиштата за мажи се повеќе од потребни и нивниот број треба да расте. „Значајно е зголемување на бројот на Центри за советување и поддршка на момчиња и мажи затоа што се важни и за индивидуите, но и за целата заедница“ рече Кумер.

Проектот се реализира со поддршка од австриското Здружение за машки и родови прашања Стирија од Грац, Австрија (Verein Für Männer- und Geschlechterthemen Steiermark, Austria), и со финансиска поддршка од австриското Сојузно министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Анкета: Седум од десет Грци негативно го оценуваат ставот на Владата за железничката несреќа кај Темпи

НАЈНОВО

Медицинска сестра сведочеше како се давале терапии додека Васев бил директор на Онкологија

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Убиената велешанка повеќепати го пријавувала поранешниот партнер за насилство, бил условно осуден на 9 септември

September 16, 2025

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk