ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Анкета: Седум од десет Грци негативно го оценуваат ставот на Владата за железничката несреќа кај Темпи

February 20, 2025 10:08
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Седум од десет Грци (71 отсто) сметаат дека Владата со своите одлуки не ја олеснила работата на правдата во истрагата за железничката несреќата кај Темпи, а исто толку (72 проценти) сметаат дека имало обид за прикривање од страна на Владата, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Алко“ за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Со последните аудио и видео документи објавени во медиумите и во пресрет на одбележувањето на двегодишнината од трагедијата следниот петок, железничката несреќа во која загинаа 57 лица е една од главните теми во Грција во изминатиот период.

Во однос на тоа колку имаат доверба во судството за истрагата и припишувањето на одговорноста за железничката несреќа, 44 отсто одговориле дека „воопшто немаат“ доверба, 23 проценти имаат „малку“, 20 отсто имаат „доста доверба‘, а само девет проценти одговориле „многу“.

Над осум од десет анкетирани (82 отсто) сметаат дека родителите и роднините на жртвите со своите постапки помогнале во работата на правдата.

На прашањето дали по несреќата, Владата направи сè што треба за да биде безбедно патувањето со воз, 81 отсто одговориле негативно.

Во распоредот на партиите, Нова демократија и понатаму е главна политичка сила во земјата со рејтинг од 24,4 отсто, но намален за 2,2 проценти споредбено со истражувањето на истата агенција од минатиот месец.

На втората позиција е ПАСОК со 13,3 проценти, трета е Комунистичката партија (7,7 отсто), а потоа следат радикално десничарската Грчко решение (7,6 проценти) и СИРИЗА со 7,3 отсто.

Истражувањето на јавното мислење било спроведено од 11 до 16 февруари со анкетирано 1.001 лице со право на глас.

Tags: ВладаГрцижелезничката несреќаоценуваат
Next Post

Трамп за Би-Би-Си: Русија сака мир, има предност поради освоените територии

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk