ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џамијата на Балиу во Елбасан прогласена за верски објект со најубава архитектура во светот за 2025 година

February 21, 2025 16:28
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, РЕГИОН

Џамијата на Балиу во албанскиот град Елбасан, ја освои првата награда за „Најубава верска архитектура во светот“ на меѓународниот натпревар „Зграда на годината 2025“ организиран од ArchDaily, најголемата глобална платформа за архитектура и дизајн.

Според муслиманската заедница на Албанија, оваа значајна награда ги потврдува уникатните вредности на оваа џамија, која ја комбинира традиционалната исламска архитектура со модерни елементи, создавајќи инспиративен простор за верниците и извонредно архитектонско уметничко дело.

Употребата на автентични материјали како камен, дрво и бакар, природно осветлување и симболични детали го прават овој култен објект иновативен модел и скапоцено богатство за албанското верско и културно наследство.

-Изборот и победата на џамијата на Балиу на овој престижен натпревар е несекојдневен настан не само за муслиманската заедница, туку и за цела Албанија. Како единствен верски објект во Европа, што ја добил оваа награда, џамијата сега е ставена во центарот на меѓународното внимание, што докажува дека албанското наследство и архитектура имаат важно место на глобалната сцена. Ова меѓународно признание е доказ за важноста на исламското наследство во Албанија и неуморната работа за зачувување и промовирање на духовните и архитектонските вредности на нашата земја, се наведува во соопштението на Муслиманската заедница на Албанија.

Исто така се додава дека овој успех немаше да биде возможен без придонесот и поддршката од различни страни.

-Посебна благодарност до архитектот Јуртин Хајро и Commonsense Studio за нивната визија и посветена работа во реализацијата на ова величествено дело. Исто така, благодарност до Амбасадата на Кувајт и сите оние кои великодушно ја поддржаа изградбата на оваа џамија и кои одиграа важна улога во реализацијата и финализирањето на овој монументален проект, наведува Муслиманската заедница.

Џамијата е со површина од околу 1.900 метри квадратни, се наоѓа во центарот на градот, и се состои од четири ката, кои покрај местото за молитва, вклучуваат и конференциски сали и канцеларии за персоналот на муфтиството во Елбасан.

Првиот објект на џамијата, според записите на Евлија Челебија, кој ја посетил истата, бил граден од 17 април 1608 до 6 април 1609 година. Градителот за оваа џамија напишал: „За доброто на Бога, Хасан Балиу го изградил овој Божји дом, кој наликува на рај“.

Tags: Елбасаннајубава архитектураџамија
Next Post

Најмалку 12 студенти загинаа во судир на автобус и камион во Бразил

НАЈНОВО

Кривична пријава против градоначалникот на Делчево за злоупотреба на службена положба

August 26, 2025

Министерот Алиу очекува објективни резултати од анализата на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции

August 26, 2025

Мониторингот на ЦИВИЛ разобличува пропаганда: Лажна фотографија од Запорижја – стар наратив, нова манипулација

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk