Лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул, вечерва на гостински терен славеше победа над актуелниот шампион Манчестер сити со 2:0.
Мохамед Салах постигна гол и асистенција во првото полувреме од натпреварот кој беше дерби на 26. Коло.
Триесет и двегодишниот Египќанец стана првиот играч во историјата на англиската Премиер лига кој постигнал 40+бодови (голови и асистенции) во две различни сезони. Оваа сезона Салах постигна 25 голови и 16 асистенции.
Покрај тоа, Салах го израмни рекордот во Премиер лигата по голови на гости во една сезона (16) и стана првиот во историјата на Премиер лигата кој постигнал гол и асистенција на двата меча од сезоната против актуелниот шампион.
Напаѓачот игра за Ливерпул од 2017 година. Претходно играше и за Челзи во Премиер лигата (од 2014 до 2016 година).