ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Она што доаѓа од Вашингтон е новото нормално што ќе го зафати светот, ние го запоседнавме теренот

February 23, 2025 21:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска уште еднаш повтори дека секаде надвор од земјава, пред што повеќе кредибилни соговорници, мора да се кажува вистината за Македонија и за нејзиниот евроинтеграциски пат. Како што изјави по посетата на Општина Гази Баба, тоа е новото нормално што доаѓа од Вашингтон и што ќе го преплави светот. Мора да кажеме која е нашата фрустрација и болка, напомена премиерот, да се бориме со факти и да укажуваме на двојните стандарди, иако една земја во ЕУ се обидува да се враќаме во средновековието, во 11-от или 12 век.

На прашањето како го коментира тоа што го декларирале како единстевен европски лидер кој аплаудирал на говорот на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и дали земјава оди на линијата на крајна десница, Мицкоски е дециден дека вистината не треба да се цензурира, посебно кога некој посочува примери за двојни стандарди.

-Не би рекол дека Венс е претставник на крајната десница. Ако некој ја кажува вистината и ако вистината содржи вистински примери каде јасно се прикажуваат двојните стандарди, а тој таму ги кажа примерот со претседателските избори во Романија, неколк случаи во Британија, Шкотска, Германија,…., тоа нас не треба да не оптоварува и ние не треба да се обидуваме сето тоа да го цензурираме. На вистината треба да и погледате во очи и да барате начин да аргуменирате и да се борите ако таа вистина сакате да ја промените. И тука не треба да сме загрижени, напротив, подвлече Мицкоски.

Во Вашингтон, информира, на најголемиот настан што го приредуваат Републиканците, разговарал со десетици луѓе.

-Таа е линијата, тоа е новото нормално што доаѓа од Вашингтон и што ќе го преплави светот. Тука нема играње. Ние сме тие што први го запоседнуваат теренот. Тоа е мојот начин на работа, нема втора шанса за прв впечаток. Запоседни го теренот па потоа кој и да дојде, втор, трет се реди позади тебе. Мора да го запоседнеме теренот и да се пронајдеме во новото нормално, тоа е мојата кампања. Од друга страна, мора да кажеме и која е нашата фрустрација и болка. Ако некому тоа му смета што го кажа Венс и мене ми пречи што 20 години не можам ни милиметар да се мрднам не зашто не сум добар, туку зашто некој треба да решава прашања од 10 – 11 век. Не треба да бегаме од тоа, треба да си ја кажеме вистината, може не е убава за слушање, но тоа е тоа. Може да пишувате статуси дека вака или онака ќе направите, но тоа не менува ништо, а ако отидете во тие центри и седнете со луѓето, им зборувате очи во очи, се борите и аргументирате, мислам дека тоа е вистинскит начин. Дали ќе се смени нешто не знам, но јас ќе се борам, во петок одам кај претседателот на Турција на приватен ручек во Истанбил за потврда на стратешкто партнерство меѓу Македонија и Турција, во понеделник и вторник сме во Будимпешта на владина конференција и од таму ќе испратиме пораки. Мора да градиме сојузништво, ова е новото нормално, потенцира претседателот на Владата. 

Tags: МицкоскиСАД
Next Post
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

По три години руска агресија, Украина исправена пред нови предизвици

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk