Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек планира да се повлече од секаква водечка улога во Зелените, откако неговата партија претрпе загуби на вчерашните избори.
– Веќе нема да претендирам ниту да се стремам за водечка улога во кадровската постава на Партијата на зелените, рече Хабек, кој беше главен кандидат на Зелените во кампањата.
Зелените паднаа на 11,6 отсто на изборите, што е намалување од 14,7 отсто од последните национални избори во 2021 година.
– Тоа не е добар резултат, сакав повеќе, ние сакавме повеќе, рече Хабек на прес-конференција во Берлин.
Тој, исто така, најверојатно ќе ја загуби функцијата во владата, бидејќи конзервативниот опозициски лидер Фридрих Мерц е речиси сигурно дека ќе стане следниот канцелар и се чини дека најверојатно ќе формира коалиција со централно-левичарските Социјалдемократи (СПД), пренесува ДПА.